Не постои успешен бизнис без HR!

од 24HR

Пишува Наташа Ивановска – HR консултант, тренер, кариерен и бизнис коуч и основач на INSIGHT Group

Работејќи со средни и големи организации во Македонија и регионот во изминатите неколку години, имавме шанса да бидеме сведоци на неверојатни промени кои се случуваат преку имплементација на процеси и процедури поврзани со човечки ресурси.

Многу често, HR-от се смета дека игра или формална, административна улога или про-форма, позиција која е добро да се има во организацијата. Вистината е дека правилно дефинираната улога на HR-от всушност треба да го поддржува бизнисот и да дејствува како релевантен партнер кој ќе соработува со сите други суштински раководни позиции.

Непостоењето на оваа улога обично значи ниско ниво на ретенција на вработените, високо ниво на конфликти кои произлегуваат од недефинирани описи и процеси на работното место, високо ниво на стрес, ниска продуктивност и деловни резултати под очекуваното ниво. Ова го дефинираме како позиција „zero“.

Имајќи предвид дека човечкиот капитал е единствениот уникатен и нереплицирачки капитал што една организација може да го има, оваа улога е всушност суштинска за обезбедување (регрутирање), селекција, обука и развој на вработените кои се ангажирани и целосно одговорни за своите позиции.

Менаџерот за човечки ресурси е одговорен за дефинирање на јасни описи на работните места кои јасно се вклопуваат во реалните и идните потреби на бизнисот.

Дефинирањето на организациската структура со јасна улога за секој вработен и нивно спроведување во пракса, го води бизнисот на позицијата „hero“, овозможувајќи постигнување на резултати кои се дури и над очекувањата.

Звучи едноставно и е докажано во пракса. From ZERO to HERO!

0 коментар
3

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...