Администратор за човечки ресурси – SportLife – Скопје

од 24HR

Спорт-Лаиф Трејд ДОО e компанија која работи на пазарот на игри на среќа подолго од 20 години. Деловната политика на компанијата се заснова на современи деловни принципи. Во текот на изминатите години станавме еден од водечките организатори во областа на игри на среќа и спортските обложувалници. Постојано сме во потрага во пронаоѓање на квалитетни кадри.Се грижиме и инвестираме во своите вработени преку тимска соработка и разни обуки за континуиран развој и професионален напредок во кариерата,што претставува наш приоритет.

За своите потреби Спорт Лаиф вработува на позиција:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Опис на работно место:
– Водење и одржување на документацијата за вработените (договори, годишни одмори, отсуства и сл.);
– Пријавување и одјавување на вработени;
– Спроведување на постапки за регрутација, селекција и вработување според планот и потребите на организацијата;
– Обезбедува документација која е неопходна при вработување на новите вработени, промена во плата, промени на работното место и слично;
– Комуникацирање со релевантни државни институции;
– Распишување конкурс за работни позиции;
– Поддршка на тимот во имплементација на проектите од областа на Човечките ресурси;
– Активно следење на законската регулатива;
– Воведување на новите вработени во процесот на работа;
– Формирање, чување и надополнивање на персонални досиеа на вработените;
– Водење и ажурирање на база на податоци за вработените;
– Подготовка, развој и имплементација на HR политики;
– Пополнување разни формулари и образци за потребите на вработените;
 
Потребни квалификации:
– Висока стручна подготовка (пожелно Менаџмент на човечки ресурси, Правен факултет или Психологија)
– Минимум 2 години работно искуство во областа човечки ресурси;
– Одлично познавање на MS Office пакет;
– Возачка дозвола за Б категорија;

Личен профил:
– Ориентираност кон тимска работа;
– Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
– Аналитичност;
– Ефективност и организираност;
– Иновативност и проактивност;
 
Ние нудиме:
– Постојана едукација, развој и надградување;
– Можност за напредување;
– Пријатна работна атмосфера;
– Тим билдинг активности;
– Можност за патување во странство поради посета на семинари и обуки;

Доколу ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата Професионална биографија на hr@sportlife.com.mk.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...