Агенција Тривити за својот клиент, независна и непрофитна организација, чие делување е на територијата на Македонија, објавува оглас за:
Раководител на правна служба (Секретар)
Раководителот на правната служба врши координација на тековните активности на одделот, како и самостојно извршување на сложено стручни и оперативни работи во функција на активностите на организацијата.
Основни работни задачи:
- Водење, следење и координирање на тимот и тековни активности на одделот во организацијата
- Извршување на целокупна техничко-административна работа
- Раководење со стручната служба, давање мислења, препораки и спроведување заклучоци
- Учество во подготовка на материјали за седници на органите на управување
- Грижа за навремено и квалитетно извршување на активностите на организацијата, како и соодветно застапување согласно овластувањата
- Комуникација со членови на органи на управување
- Усогласување на работењето согласно закон за заштита на лични податоци
- Соработка со институции и организации
Квалификации на идеален кандидат:
- Пожелно искуство во раководење на тим – минимум 5 години
- Високо образование – правен факултет
- Личност со интегритет и етичко однесување
- Изразени комуникациски и организациски вештини, како и способност да раководи и соработува со тим од вработени
- Истраен карактер, кој умее да размислува стратешки и да заземе став
- Солидно познавање на Англиски јазик
- Познавање на MS Office
Нашата понуда:
- Основна нето плата 65.000 ден
- Работа со полно работно време од 08-16ч во просториите на организацијата во центарот на Скопје
- Работа во средина каде ќе се вреднуваат менаџерските и стручни вештини и знаења
- Работење и директна комуникација со Претседателот на организацијата
- Можност за остварување релации и стекнување нови контакти преку директна комуникација со клиентите на организацијата
Место на работната позиција:
Држава: Македонија
Град: Скопје
Линк за аплицирање: https://thrivity.com.mk/thrivity-cv/
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.