Директор на Служба за развој на човечки ресурси – Кроација осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување – Скопје

од 24HR

Кроација осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, вработува:

Директор на Служба за развој на човечки ресурси

Потребни квалификации и способности:

  • ВСС или повисоко
  • Минимум 5 години искуство во областа
  • Искуство во регрутирање на вработени
  • Ориентираност кон грижа на вработените и нивните потреби
  • Самоиницијативност
  • Добра организираност
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Одлични организаторски и комукациски способности
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Способност за работа во тим
  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата
  • Можност за извршување задачи во куси рокови и справување со работа под притисок

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Да ја организира, координира и одговара за работата на службата
  • Да ги следи и проучува законските прописи и и упатства и да се грижи за нивна законска примена
  • Да учествува во регрутирање и селекција на кадрите
  • Да ја унапредува организацијата на работењето на службата
  • Да се грижи за исправно водење на дисциплински постапки према вработените
  • Да гради и одржува систем на стимулација, наградување и мотивираност на вработените
  • Да гради и одржува систем на континуирана обука на вработените
  • Организациско структурирање
  • Ангажираност на вработените и менаџирање таленти преку кариерен развој
  • Да врши други работи и работни задачи кои се пропишани со законските прописи и актите на Друштвото

Друштвото Кроација осигурување-неживот нуди

  • Вработување со полно работно време
  • Нето плата од 65.000 денари
  • Одлична можност за професинален развој

Потребна документација:

CV биографија

Мотивационо писмо

Доказ за завршено образование

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги испратат на емаил hr@crosig.mk со рок до 15.04.2022 година и со назнака – ,,Оглас за вработување на Директор на Служба за развој на човечки ресурси”. Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или писмено ќе бидат повикани на разговор. Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на Огласот за вработување.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...