HSE Officer

од 24HR

Wabtec Corporation, водечки глобален снабдудач на опрема, системи, дигитални решенија и услуги со додадена вредност за товарни и транзитни железници со приближно 27.000 вработени низ целиот свет, има потреба од:

HSE Officer
(Офицер за животна средина, безбедност и здравје при работа)
(Скопје)

За позицијата:

Подготвува, имплементира, комуницира и координира со сите политики и практики во компанијата кои се однесуваат на безбедноста, здравјето и животната средина. Развива и обезбедува технички и административни насоки за сите работи поврзани со БЗР и животна средина.

Главни одговорности:

  • Воспоставува и одржува систем на превентивни активности на HSE
  • Ги поддржува линиските менаџери во создавање на најголема свест за HSE кај вработените
  • Координира и имплементира ISO 14001 и OHSAS 18001
  • Ја оценува околината на работното место и развива политики за управување со безбедност кои ги идентификуваат и дефинираат безбедносните одговорности на сите вработени
  • Врши редовни ревизии на HSE и обезбедува усогласеност со законските барања и стандардите на компанијата
  • Програми за обука поврзани со HSE: планира, координира, води евиденција, дава извештаи за планираното и оствареното (вклучително и известување за посетеност)
  • Контролира системи поврзани со безбедно работење на машини и опрема
  • Организира медицински прегледи, мерења на опасност и параметри на животната средина
  • Истражува и известува за несреќи на работното место и постапки во согласност со важечките закони и политиките на „Wabtec“ корпорација, сродните документи, инструкции и сл.
  • Координира управување со отпадот, вклучително и опасен отпад
  • Ја претставува компанијата пред локалните власти и инспекции со претходно целосно и уредно пополнета потребна документација (навреме во согласност со позитивните регулативи)
  • Придонесува во комитетот за H&S, безбедносните проверки и редовни состаноци на сите тимови поврзани со безбедноста (лица обучени за прва помош, ппз, евакуација итн.)
  • Придонесува со техничка поддршка, обука и управување со проекти за развој на стратегии за животна средина, здравје и безбедност.
  • Ја интегрира безбедноста, индустриската хигиена, ергономијата, осигурувањето на усогласеноста и грижата за животната средина во сите аспекти на деловното управување.
  • Обезбедува технички ресурси, анализа на податоци за EHS и толкување на прописите.

Квалификации:

Минимални барања: Инженер за БЗР или животна средина или друго сродно високо образование. Познавање на Македонски јазик – задолжително. Познавање на Англиски јазик – задолжително.

Предност – мин. 3 години работно искуство, овластување за БЗР, овластување за управител со отпад.

Испратете CV на igor.andonoski@Wabtec.com со НАСЛОВ на маил HSE Officer.

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...