Специјалист за плати и администрација – SportLife – Скопје

од 24HR

Спорт-Лаиф Трејд ДОО e компанија која работи на пазарот на игри на среќа подолго од 20 години. Деловната политика на компанијата се заснова на современи деловни принципи. Во текот на изминатите години станавме еден од водечките организатори во областа на игри на среќа и спортските обложувалници. Постојано сме во потрага во пронаоѓање на квалитетни кадри.Се грижиме и инвестираме во своите вработени преку тимска соработка и разни обуки за континуиран развој и професионален напредок во кариерата,што претставува наш приоритет.

За своите потреби Спорт Лаиф вработува на позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТИ И АДМИНИСТРАЦИЈА

Опис на работното место:
– Одговорен за внес и обработка на влезни податоци за подготовка на плата и други примања на вработените;
– Изготвување на различни видови на извештаи поврзани со плати и други примања на вработените;
– Предлага модел за плати и останати мерки на наградување на вработените во компанијата;
– Подготовка на МПИН и поднесување во УЈП;
– Следење трендови на пазарот и проактивно преземање чекори за иновативни решенија за бенефити на вработените;
– Учество во изработка на буџетот на компанијата;
– Финансиски анализи по потреба на менаџментот;
– Унапредување на системот и алатките за евалуација и мерење на перформансите на вработените;
– Следење на имплементацијата на законските и подзаконските акти , измени и дополнувања во законската регулатива;

Потребни квалификации:
– Висока стручна подготовка (пожелно Менаџмент на човечки ресурси, Економија, Право)
– Искуство од најмалку 2 години во работи поврзани со подготовка на плати;
– Искуство во оддел за Човечки ресурси и познавање на законските прописи од областа на работните односи;
– Напредно познавање на Microsoft Office;
– Возачка дозвола Б;
– Познавање на материјално и финансиско работење;
Личен профил:
– Ориентираност кон резултати;
– Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
– Добри аналитички и математички способности;
– Ефективност и организираност;
 
Ние нудиме:
– Постојана едукација, развој и надградување;
– Можност за напредување;
– Пријатна работна атмосфера;
– Тим билдинг активности;
– Можност за патување во странство поради посета на семинари и обуки;

Доколу ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата Професионална биографија на hr@sportlife.com.mk.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...