Трет дел од серијалот колумни на нашиот колумнист од Хрватска, Ацо Момчиловиќ, за неговото најново глобално истражување за националниот капитал на вештачка интелигенција (NAIC).
Очекувањата се дека најголемиот дел од развојот на вештачката интелигенција ќе дојде од корпорациите, а најмалку од владите во различните земји, покажа вториот извештај на NAIC. Веќе дискутиравме за опасностите од развојот на проектите за вештачка интелигенција од само една заинтересирана страна, а во овој извештај ќе ги разгледаме тие потенцијални последици уште подлабоко.
Во овој трет дел од NAIC IGS, ќе одговориме на прашањата за областите на вештачка интелигенција кои во моментов имаат најголем дел од инвестициите и за желбите и проценките во кои области треба да инвестираме во иднина и да го сториме тоа што е можно побрзо.
Генерално гледано, јасно е дека инвестициите во вештачка интелигенција растат речиси експоненцијално на светско ниво. Податоците се многу јасни во водечките земји одговорни за развој на вештачката интелигенција како што можеме да видиме во примерот за САД. И тој експоненцијален раст ќе продолжи и во следните години.
Првото прашање во овој сегмент беше: Каде земјите ќе инвестираат најголем дел од своите ресурси во најкраток временски период?
Ги добивме следниве одговори: Топ области во кои се предвидува да се инвестираат ресурсите се – здравство, безбедност и финансии. Најмалку инвестираниот сегмент е во областа на образованието.
Ова набљудување беше направено врз основа на опсервирани факти од експерти во различни земји. Списокот на области може да биде подолг или структуриран поинаку, но ова е доволно за добивање на општ впечаток.
Голем дел од тие инвестиции се во стартап компании, кои исто така добиваат се повеќе средства. Многу од нив се основани – се базираат на информациите за инвестициски области кои се популарни.
Второто прашање беше за тоа каде ТРЕБА да инвестираат земјите и кои се стратешките области за кои треба да се води грижа според нив.
И резултатите се следниве: Здравството е сè уште на прво место, проследено со образование и безбедност. Маркетингот е на последната позиција.
Ако ги земеме предвид инвестициите во димензијата што има влијание врз општеството од едната страна и генерираниот профит од другата страна, звучи разумно дека земјите треба да бидат барем малку на страната на импактот врз општество. Досега, очигледно е дека повеќето инвестиции се прават во области што можат најбрзо да генерираат профит. Дури и здравството како индустрија што е приватизирана во многу земји може да се процени дека има централна позиција на споменатата оска. Финансии, бизнис интелигенција, искуство со клиенти и маркетинг се претежно области водени од профит. Безбедноста, исто така, во зависност од земјата, би можела да биде стратешка област близу „импакт врз општеството“, но може да биде и многу блиска до страната на „генерирање на профит“, во зависност од бројот на приватни изведувачи.
Интересно е да се споредат сегментите на образованието и маркетингот. Според други истражувања, образованието во моментов е недоволно финансирано. Дали е тоа затоа што му треба подолг период за да покаже резултати или некои други фактори влијаат на тоа, останува да биде отворено прашање. Исто така, маркетингот се смета за последна област во која земјите треба да инвестираат.
Образованието очигледно е еден многу важен сегмент за развојот на вештачката интелигенција, што може да создаде огромна количина на додадена вредност, како што напишав во мојата статија за системите за образование на вештачка интелигенција.
Сегментот образование има и некои други проблеми – како слабата адоптација во моментов – па се наоѓа на 10-то место со здравството.
Но, уште поважно прашање за сите што работат во областа на вештачката интелигенција, и оние кои ќе ги соберат резултатите од развојот на вештачката интелигенција, е кој ќе инвестира во иднина и врз основа на кои приоритети, вредности и критериуми. Во моментов, корпорациите ја водат играта, а почетниците се обидуваат да се приклучат на трката. Владите и играчите на државно ниво сè уште малку доцнат во оваа исклучително важна област. И тоа може да има значителни долгорочни последици.
За авторот:
Ацо Момчиловиќ е HR Консултант, основач на FutureHR и визитинг професор на Swiss School of Business and Management. Во својата богата кариера има работено во Rimac Automobili, FedEx, Tolar HashNET и други. Претседател на MBA Croatia.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.