Благосостојба на вработените – Зголемете ја нивната среќа

од 24HR

Колумна на Татјана Јанева – консултант со долгогодишно искуство во областа на човечките ресурси.

Компаниите се повеќе се потпираат на бенефиции како што се флексибилно работно време, часови по јога, добро здравствено осигурување … итн. со цел да се зајакне благосостојбата на вработените. Со воведување на такви бонуси, работодавците се чувствуваат безбедни дека нивните вработени стекнуваат подобра рамнотежа помеѓу работата и животот и се чувствуваат попозитивно во однос на своите работни места и работната средина.

И покрај сите скапи бенефиции и активности што ги планираат и обезбедуваат компаниите, вработените сè уште се под стрес на работните места, а ова и те како има негативно влијание врз нивното ментално и физичко здравје.

Често се претпоставува дека исцрпеноста поврзана со работата е предизвикана само од прекумерна работа, и честопати на вработените им се препорачува да одморат, земат слободен ден, па дури и боледување, занемарувајки ги вистинските фактори кои придонесуваат за исцрпеност на вработените.

Кога вработените се чувствуваат мотивирани, поддржани, инспирирани, нивната работа е значително помалку стресна. Со други зборови, не е само бројот на часови што ги поминуваат на работа; повеќе е како тие се менаџираат и како ја доживуваат работата за време на работните часови.

Еве неколку фактори кои придонесуваат за исцрпеноста на вработените:

  • Нелојален третман на работа
  • Неодржлив обем на работа
  • Нејасна комуникација
  • Стил на лидерство
  • Недостаток на поддршка од менаџерот
  • Неразумен временски притисок
  • Намалена социјална поддршка
  • Не доволна мотивација

Bлагосостојбата на вработените може да придонесе за:

Зголемена продуктивност: Благосостојбата на вработените ја подобрува продуктивноста и перформансите.

Ги зближува тимовите: Кога тимовите се вклучуваат во иницијативи било надвор од или внатре во работната организација, тие имаат заедничка цел што гради пријателство.

Повисок морал на вработените: Вработените се чувствуваат покомпетентни и ценети кога нивните потреби се исполнети на сите нивоа.

Провлекување на квалитетен кадар: Кога компанијата има добра репутација на пазарот како работодавач кој ја почитува и поддржува рамнотежата помеѓу работата и животот, поверојатно е да привлече квалификувани кандидати и да ги задржи постојните вработени на подолг период.

Поддржувајте ја благосостојбата на работното место, градете и одржувајте култура што ги прави вработените да се чувствуваат безбедно, место каде што ќе се чувствуваат како во втор дом. Кога е добро испланирана и ефикасно спроведена стратегијата за благосостојба на вработените, ќе придонесе за помала исцрпеност на вработените, помало отсуство од работа и напуштање на работното место, како и повисока стапка на продуктивност и ангажираност.

За авторот:

Татјана Јанева е консултант со долгогодишно искуство во област на човечки ресурси. Ентузијастична, креативна и енергична личност која со развој на вработените и усогласување на сите функции на човечките ресурси го оптимизира растот на организациите и генерира брзи резултати.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...