Влијанието на лидерството врз корпоративната култура

од 24HR

„Клучот за успешна организација е да се има култура заснована на група верувања што се поддржани од стратегијата и структурата“, пишува Гордана Медарска – Специјалист за регрутација и обуки во Рамстор Македонија.

Секој вработен врши импакт врз креирање и негување на одредена компаниска култура, но раководството има далеку најголемо и најдиректно влијание врз корпоративната култура.

Лидерството влијае на самодовербата кај вработените и дали тие гледаат на грешките како можност за учење или како неуспех. Лидерството ја негува основата на културата за да ги оспособи вработените да ја живеат мисијата и визијата на компанијата. Лидерите се оние кои ја гледаат важноста на поединецот и ја негуваат и развиваат неговата кариера.

Лидерите се оние кои ги негуваат и практикуваат убедувањата и ставовите на компанијата со кој ги креираат однесувањата кои ги рефлектираат вредностите на една компанија. Мотото „Биди промената која сакаш да ја видиш“  сметам дека треба да е водилка на секој успешен лидер.

Вашето однесување, ставовите, стилот на комуникација и дејствување е вашиот одраз врз компанијата и компаниската култура. Лидер е оној кој влева сигурност, доверба, оној кој ве насочува и упатува, оној кој ви го трасира патот кон успесите. Лидерот е капетанот на бродот кој и кога минува низ најсилната бура тој не го напушта бродот туку до последен атом се бори.

Лидерите кои креираат здрави средини и кои се насочени кон добра корпоративна култура се личности кои се концентрираат на решенија, а не на детектирање виновници. Тие на вработените им покажуваат и ги учат, а не им наредуваат. Тие се секогаш помеѓу своите вработени и не се кријат во своите канцеларии. Достапни се и добиваат искрени и точни информации.

Искуственото учење ги зголемува резултатите за задржување за 90% од вработените и отелотворувајќи го концептот дека грешките обезбедуваат можности за образование и иновации ги инспирира вработените да развијат постојни и нови вештини. Толку посакуваната „брза“ култура произлегува од жедта за учење и истражување, а не за одржување, што создава природна атмосфера на соработка и креативност усогласена со забава и делување.

Лидерот се фокусира на социјалното добро за вработените и клиентите

Успешниот лидер се фокусира на социјалното добро и на вработениот и на клиентот. Овој пристап го преобразува пасивниот лидер во инспиративен кој решава прашања креативно со што доведува до поголемо влијание на услугите и производите на компанијата. Лидерите го посветуваат своето внимание на потребите и желбите на луѓето, кои водат кон она што навистина е понуда и побарувачка во животот и бизнисот. Технологијата ги поврзува луѓето сè повеќе низ целиот свет што им поставува поголеми општествени одговорности на компаниите, а лидерите го препознаваат тој факт.

Лидерите се грижат за своите вработени

Поделбата на професионалецот од индивидуата повеќе не е концепт на модерната работна култура. Одржувањето на професионалност е важна, но грижата за вработените директно влијае на тоа како тие работат и колку се ангажираат за работата.

Во компаниите раководствата се менливи и секој лидер има свое влијание врз промената на корпоративната култура, што може лесно да премине од добро во лошо или од лошо кон полошо. Лидерите мора да ги почитуваат оние кои дошле претходно доколку моторот добро работи, но промената е неизбежна и сите заедно играат голема улога. Кога вработените се чувствуваат сигурни, информирани, ангажирани во динамична и грижлива работна култура, нивните перформанси, гордост и лојалност вртоглаво го зголемуваат успехот на компанијата како и задоволството на нивните клиенти.

Клучот за успешна организација е да се има култура заснована на група верувања што се поддржани од стратегијата и структурата. Кога една организација има силна култура, се случуваат три работи: Вработените знаат како врвниот менаџмент ќе одговори на секоја ситуација, вработените веруваат дека очекуваниот одговор е соодветен, и вработените знаат дека ќе бидат наградени за демонстрација на вредностите на организацијата.

Оваа статија ќе ја завршам со една мислам од William Arthur Wood, која мене ми се допаѓа и која сметам дека секој лидер треба често да ја има на ум.

Leadership is based on inspiration, not domination, cooperation not intimidation.

За авторот:

Гордана Медарска е Специјалист за регрутација и обуки, со активно работно искуство во областа на човечките ресурси повеќе од 5 години во рамките на Рамсторе Македонија. Задолжена за вработување, следење и развој на кариерата на вработените. Претходно искуство во областа на увоз и царински процедури. Дипломирана на правниот факултет Кирил и Методиј Скопје, Моментално ангажирана со истражување во делот мотивација на вработените подготвувајки магистерска теза.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...