Иако бројот на вештини потребни за едно работно место се зголемува за 10% годишно, вработените применуваат само 54% од новите вештини што ќе ги научат.
Нарушувањата, како што е пандемијата на Ковид-19, продолжуваат да ја зголемуваат потребата за нови вештини бидејќи доаѓа до промена на деловните стратегии, а вработените мора да се прилагодат на новите начини на работа.
И покрај тоа што бројот на потребни вештини за едно работно место се зголемува за 10% годишно, вработените применуваат само 54% од новите вештини што ќе ги научат, се вели во анализата на Гартнер објавена на 19 август.
Во меѓувреме, 33% од вештините кои биле потребни пред три години веќе не се релевантни.
Гартнер објави дека како резултат на пандемијата, скоро две третини од лидерите за човечки ресурси презеле реактивен пристап за да одговорат на гореспоменатите промени, што пак води до недостаток на примена на сите вештини од страна на вработените.
Прочитајте > 16 вештини кои треба да ги совладате за да станете вистински лидер
Но предвидувањето и посветеноста на сет на вештини потребни за во иднината може да ги наведе работодавците да се фокусираат на погрешните вештини.
Наместо тоа, Гартнер препорачува подинамичен пристап кој ќе ја предвиди промената во вештините како што таа се случува и ќе се прилагоди кон нив на интерактивен, корективен начин.
Оваа стратегија бара од работодавците да користат еден вид на „акцелератори на вештини“ – користејќи ја постојната содржина, персонал, придружни вештини и други ресурси – со чија помош побрзо ќе развиваат решенија и повикува на „двострана транспарентност“ помеѓу организациите и работниците.
Според некои експерти, пандемијата на Ковид-19 веќе ги покажа недостатоците во начинот на кој организациите ги развиваат своите таленти.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.