Едноставноста е нова вештина

од 24HR

Пишува Елена Огненовска – специјалист за човечки ресурси

“The most complicated skill is to be simple.” – Dejan Stojanovic, Serbian writer, philosopher and businessman.

Пред неколку денови сосема случајно додека “скролав“ na LinkediN, го прочитав ова и некако ме доведе во размислување и да се запрашам себе си, колку е ова точно и колку ние самите си ја отежнуваме работата и свесно или несвесно се водиме од онаа познатата “Зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано?„.  Се чини дека сите ние во HR се трудиме работите да ги направиме поедноставни, но на крај имаме организации кои се исполнети со сложени процеси.

Зошто е тоа така? Според Харвард, ние сме тие кои ги правиме работите да бидат комплицирани, бидејќи тоа нѐ прави да се чувствуваме добро. Читај:

From the Harvard Business Review: There are several deep psychological reasons why stopping activities is so hard to do in organizations. First, while people complain about being too busy, they also take a certain amount of satisfaction and pride in being needed at all hours of the day and night. In other words, being busy is a status symbol. In fact a few years ago we asked senior managers in a research organization — all of whom were complaining about being too busy — to voluntarily give up one or two of their committee assignments. Nobody took the bait because being on numerous committees was a source of prestige.

Managers also hesitate to stop things because they don’t want to admit that they are doing low-value or unnecessary work. Particularly at a time of layoffs, high unemployment, and a focus on cost reduction, managers want to believe (and convince others) that what they are doing is absolutely critical and can’t possibly be stopped. So while it’s somewhat easier to identify unnecessary activities that others are doing, it’s risky to volunteer that my own activities aren’t adding value. After all, if I stop doing them, then what would I do?

The final reason that unnecessary tasks continue is that managers become emotionally attached to them. We see this often with “zombie projects,” activities that are seemingly killed or deprioritized but somehow keep going because managers just don’t want to let go. Once people have invested in creating projects, committees, or processes, they feel a sense of ownership. Getting rid of them is like killing their own offspring.

Интересно нели? Сигурна сум дека откако го прочитавте ова, или сте се сетиле на ситуација кога вие не сте се откажале од некои активности, а сте можеле, или сте се сетиле на колега, пријател, менаџер кој упорно не се откажува од некои работи, а може. Почнавме луѓето кои цело време работат прекувремено да ги гледаме како “rock stars” без да се запрашаме дали повеќе значи и подобро и дали се работи повеќе, бидејќи не може да се работи подобро? И сега претпоставувам се потсетивте и на вашиот колега кој секогаш само работи, останува прекувремено и оди од еден до друг колега да раскаже колку има обврски и колку долго останува после работно време. Па, според Харвард тогаш наместо да кажеме “Браво„, би требало да се запрашаме, зошто е тоа така? Не знае да делегира? Преоптовареноста му прави задоволство? Не знае да работи во тим?… Дали сите ние имаме некаков психолошки проблем и чувството дека сме потребни го храни нашето его и гордост, а со тоа несвесно ги комплицираме и работите во нашето секојдневно работење, за на крај да добиеме компании кои имаат премногу сложени процеси и секако фрустрирани вработени…? Претпоставувам дека на многумина одговорот е да и дека барем малку се препознавте во дел од напишаното.

Ако е така, тогаш ајде да направиме едноставен HR, едноставно регрутирање, едноставен менаџмент на перформанси. Ајде да се водиме од она другото: “Зошто да биде комплицирано, кога може да биде едноставно?„, или барем да пробаме.

 P.S. “Simplicity is the ultimate sophistication”- Leonardo da Vinci.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...