Зошто е погрешно да започнете комуникација за идно вработување со побарување за плата?

од 24HR

Во последните години во Македонија се појавува превземање на несоодветен тренд на комуникација за работа кој постои во развиените западни земји. Неретко се среќава при првиот контакт за разговор кој го иницира иден работодавач за отворена работна позиција, кандидатот да одговори со: Која е платата што се нуди за оваа позиција или да не си го трошиме меѓусебното време понатаму?

Ваквото поставување на ултиматум од страна на кандидатот оддава впечаток на недостаток на манири, експлицитно покажува дека главниот мотиватор кај соговорникот се парите, но исто така ги намалува шансите за преговарање за плата подоцна во процесот.

Поставување на ултиматумот претставува непресеметан ризик

Замислете хипотетичка ситуација, при влегување во продавница првото нешто што со кое ќе се пречекуваат клиентите да биде: Колкава е сумата на пари што планирате да ја потрошите во оваа продавница?

Кој би бил впечатокот за продавачот и продавницата кој ќе го стекнат потенцијалите купувачи? Дали повторно би се вратиле во истата продавница?

На пазарот на труд фирмите кои работат принципиелно, се водат од идеологија дека поставениот ултиматум не е согласно културата и вредностите на фирмата и претпочитаат да соработуваат со кандидати кои пред сè се интринзично мотивирани и соодветно вреднувани според вештнините и знаењата. Во овие компании, поставениот ултиматум од страна на кандидатите ги доведува во ризик работодавачот да се откаже од намерата за интервјуирање.

Важноста на интервјуто наспроти платата како главен фокус

Во првиот момент компанијата, односно регрутерот или работодавецот не може да биде сигурен дали кандидатот е најсоодветниот избор за отворената работа позиција, ниту кандидатот е информиран за детали околу работната средина или дали ќе му одговара работата, а се што е покажано до тој момент е дека платата за кандидатот е главен мотиватор.

Интервјуата и регрутацискиот процес претставуваат прилика двете страни да ги запознаат меѓусебните можности, приоритети и потреби. Компанијата, односно регрутерот, го запознава кандидатот како личност и професионалец и неговиот начин на размислување при вообичаени работни ситуации соодветни за работната позиција. Кандидатите, од друга страна дознаваат дали компанијата е добра околина за нив и дали дискутираната работна позиција претставува нивен кариерен предизвик.

Доколку платата е условно добра, дали може работата да се прифати без разлика на се останато?

Меѓутоа на пазарот на труд постојат фирми, односно работодавци, кои ги делат истите вредности, па не сакаат да го губат времето во интервјуирање доколку меѓусебните очекувања за плата не се совпаѓаат.

Доколку работодавецот му одговори на кандидатот која е планираната плата за позицијата, без да ги објасни деталите за истата и кандидатот го прифати тоа при самиот почеток, се доведува во околност да ја прифати работата без разлика на сè останато.

Подоцна при интервјуто кога детално ќе бидат објаснети сите работни задачи и обврски кандидатот може да дојде до заклучок дека позицијата е преоптоварувачка без можност за преговарање за поголема плата или можеби уназадувачка во поглед на неговиот/нејзиниот кариерен развој. Ваквата поставеност ја става работата и нејзината суштина во втор план, дополнително, времето како ресурс кое беше приоритен фактор при ултиматумот е секако изгубено.

Вистинскиот момент за разговор за плата е најважен

Покрај возбудливоста за новиот кариерен предизвик платата несомнено е еден од приоритетните фактори за прифаќање или одбивање на понудата. Да се добие соодветна материјална компензација за вештните и искуството на кандидатот, има директно влијание врз задоволството од работата.

Доколку регрутерот или работодавецот го отвори прашањето за очекување за плата при првото интервју или телефонскиот разговор, пожелно е кандидатот да има спремен одговор за своите очекувања.

Покрај тоа што кандидатите тежнеат да побараат поголема плата од онаа што ја заработуваат во моментот, за побарувањата да бидат реални и да ги доближи до новата работа потребно е да се направи истражување за сопствената пазарната вредност, за да се избегне потценување или преценување при веднување на трудот. Пазарните вредности во метрики и релевантни извори можат да помогнат во преговорите за поголема плата кога регрутацискиот процес ќе дојде во својата завршна фаза.

Интервјуата се влог од кој двете засегнати страни може да добијат. Она што се губи при несоодветно поставени ултиматуми е нова шанса за прв впечаток и изгубени можности.

За авторот:

Маја Керамитчиева е Специјалист за регрутација и селекција на таленти во Интертек. По формално образование е Психолог, по неформално образование е Сертифициран НЛП Коуч за личен развој. Има доминантно искуство во ИТ индустријата, а исто така организира работилници и индивидуални сесии за личен развој.

1 коментар
8

Related Posts

1 коментар

No Name септември 25, 2020 - 6:00 pm

Интересна тема и доста поучни работи успеав да извлечам од оваа колумна, но многу е некако еднострана. Според вас океј е компанијата да не биде транспарентна во односн на платата, пример од-до, и исто така океј е да компанијата го праша кандидатот уште на првото интервју колку плата бара (само дипломатски нели т.е. кои ти се очекувањата) и секако после тоа ако платата е над таа што компанијата ја предвидела ретко која компанија враќа на кандидатот. Исто така му потрошила 1 саат минимум.

Поздрав и имајте убав ден.

Врати

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...