Несвесните пристрасности се скриени, но многу важни при донесувањето на одлуки поврзани со вработување.
Пребарувањето и вработувањето на добар вработен не е воопшто лесен процес, секој што некогаш се занимавал со ова, знае за што зборувам. За да биде покомплицирано, HR професионалците честопати треба да го решат проблемот со своите сопствени предрасуди.
Иако сите сакаме да веруваме дека сме ослободени од пристрасност, сепак, многу често не можеме да се ослободиме од нашите несвесни пристрасности кои се скриени, но многу важни при донесувањето на одлуки поврзани со вработување.
Исто така, можно е да одиме во некој друг правец – да ни се допадне кандидат поради некоја необјаснива причина (која не се заснова на неговите квалификации) и да бараме какви било недостатоци кај другите кандидати за да се оправда нашиот избор. И за крај, но не и најмалку важно, колкумина од вас веруваат дека слушањето на сопствената интуиција, вашиот „стомак“, односно вашиот „внатрешен глас“, е многу важно во процесот на вработување?
Сите ние сме луѓе, емотивни суштества и сите имаме различен интелект. Па ако е така, како можеме да го подобриме процесот на вработување и да се избегнеме „себеси“?
Прво, мора да бидеме многу добро информирани за културата во која работиме. Понекогаш, културните разлики се толку големи што не треба да се занемаруваат. Ако е возможно, секогаш дозволете членовите кои го спроведуваат интервјуто да донесат одлука. Секој член треба да обезбеди доказ за компетентноста и мотивацијата на кандидатот.
Исто така, можете прво да направите телефонско интервју со претходно формулирани прашања, сè со цел да ја елиминирате пристрасноста која би произлегла од самата појава на кандидатот. Мојот омилен кршач на предрасуди е да не го започнувам интервјуто веднаш. Одам со кандидатот да му понудам кафе, чај или вода, давајќи му можност малку да се опушти (интервјуто за работа може да биде многу стресно за некои луѓе… всушност за сите).
Овие мали разговори пред интервјуто може да ви дадат вредни информации за кандидатот, истовремено подобрувајќи ја човечката страна на процесот.
Исто така, корисно е ако почекате, на пример, еден ден откако ќе ги завршите сите интервјуа за да ја донесете конечната одлука. Конечно, обидете се да бидете искрени со себеси, запознајте ги слабостите и пробајте да бидете колку што е можно пофер, бидејќи порано или подоцна сите ние ќе се најдеме на другата страна од масата.
Авторскиот текст може да го прочитате на следниот линк.
За авторот:
Оливера Анџелковиќ е извршен директор и кариерен консултант во Olivera Coaching & Consulting со седиште во Хаг, Холандија. Позади неа има над 20 години кариера и меѓународно искуство во администрација, човечки ресурси, талент менаџмент, маркетинг и издаваштво и повеќе од 35 реализирани административни, организациски и HR проекти. Нејзината страст лежи во помагање на поединците да ги надминат своите професионални предизвици и да растат, така што во моментов е примарно фокусирана на својата улога како кариерен советник за клиенти од целиот свет. Таа поседува диплома за магистерски студии по меѓународен менаџмент од Универзитетот во Ливерпул (Велика Британија).
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.