Како до подобар HR сектор во вашата компанија?

од cedo

Ако во минатото HR одделението се занимаваше со подготовка и процесирање на документација за вработените, денес неговата основна и најзначајна задача е да осигури дека секоја индивидуа во рамките на организацијата ќе се чувствува ценето.

 

Без оглед на тоа дали се работи за мал бизнис или корпорација, грижата за човечките ресурси е клучен фактор за опстанок на вашата организација во денешното деловно окружување. Токму затоа сопствениците на бизниси, менаџерите и управните одбори во големите компании треба да се стремат кон постојано унапредување на одделите за човечки ресурси во своите деловни средини. Еве неколку појдовни точки од кои може да започнете уште денес:

 

Подобрете го процесот на вработување

Доколку целите кон создавање на прогресивна компанија, неопходно е да изградите добар тим од искусни професионалци кои долго време ќе останат со вас. За да изградите ваков тим, ќе треба да инвестирате повеќе време во скрининг пред вработување со цел да дознаете колку што можете повеќе за вашите потенцијални вработени. Тоа подразбира да дознаете колку што можете повеќе за нивните потреби, очекувања, навики и мотивација со цел ги вработите луѓето кои најмногу одговараат со можностите кои вашата организација е подготвена да ги понуди.

 

Инвестирајте во едукација на вработените

 

За да имате среќни и задоволни вработени, треба да им обезбедите можности за да ги развијат своите професионални и лични вештини. За почеток, доволно е да издвоите мал месечен буџет за некој онлајн курс или обучувач кој ќе им помогне на вашите вработени да се стекнат со нови знаења. Ефектот од правилно поставениот систем на едукација е двоен бидејќи од една страна, вработените ќе имаат нови знаења кои ќе ги користат за унапредување на вашата компанија, а од друга страна, тие ќе бидат мотивирани да продолжат да работат за вас. Притоа, не заборавајте да разговарате со вработените за насоката кон која сакаат да се движат во поглед на едукацијата за да можете да им понудите соодветна содржина.

 

Креирајте програма за наградување

 

Казните нема да ги мотивираат вработените. Вистинскиот извор на мотивација лежи во соодветната награда за постигнатиот успех. Луѓето кои добиваат признание за добро завршена работа се попродуктивни и посреќни да поминат 8 часа од денот работејќи за компанијата. Размислувајте за индивидуални и тимски награди за завршување на целите на вашиот тим. Тоа може да биде ручек, билети за кино, членство во теретана или пак тим билдинг за целата компанија.

Користете HR софтвер кој ќе ви заштеди време

 

Модерната технологија ви овозможува да олесните голем дел од процесите во вашето HR одделение. Токму затоа, инвестирајте во соодветен HR софтвер кој ќе ве спаси од обемна документација, а работата ќе ја извршува без грешка. Постојат голем број HR софтвери специјално дизајнирани за мали, средни и големи компании кои целосно ќе ја дигитализираат вашата HR администрација. Ваквата практика ќе ви заштеди тон време и пари, така што ќе можете да го насочите вашиот буџет на друго место.

Поставете јасни правила кои мора да се почитуваат

 

Не постои компанија во која сè е сјајно. Од време на време бидете подготвени да се соочите со меѓучовечки конфликти, немотивирани вработени и слично. Ова е причината зошто треба да постојат збир на јасни правила што треба да ги почитува секој вработен. Тие треба да бидат јасни од првиот ден, исто како и последиците од непридржување кон истите.

 

 

 

 

0 коментар
7

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...