Како лошата комуникација влијае на вашето работно место

од 24HR

Пишува Татјана Јанева, независен HR консултант кој од Дубаи им помага на компаниите да остварат конкурентска предност преку усогласување на стратегијата со луѓето и културата.

Добрата комуникација е есенцијална за работното место. Доколку една компанија сака да напредува, да исполнува рокови и да ги надмине своите цели, потребно е да воспостави цврсти комуникациски системи и односи.

Лошата комуникација може да доведе до недоразбирања, потиснување на иновациите и намален профит, вознемирени вработени кои се чувствуваат изгубено без јасна насока од менаџментот, што доведува до ниско задоволство, ангажираност и перформанси.

Еве како лошата комуникација вообичаено влијае на работното место:

Ја намалува ефективноста – Лошата комуникација може значително да ја забави работата на вработените поради времето што честопати се троши во барање јасност. Ефективната комуникација им овозможува на вработените побрзо да се усогласат со приоритетите, проектите и следните чекори за да се заврши работата ефикасно.

Ја намалува продуктивноста – Немањето пристап до луѓе, знаење и потребните ресурси за да се заврши работата резултира со пониска продуктивност на вработените што може да ја чини компанијата намален или загубен аутпут.

Ја зголемува флуктуацијата на работната сила – Луѓето сакаат да работат во средина каде што нивните идеи се вреднуваат, им веруваат на своите колеги и им е овозможено да работат ефикасно. Кога овие очекувања не се исполнети, доаѓа до пораст на стапката на флуктуација, што пак води до пад на моралот и финансиски загуби.

Влијае врз лидерството – Менаџерите кои не можат ефикасно да комуницираат, имаат потешкотии кога треба да ги покажат своите лидерски вештини. Вработените очекуваат дека ќе добијат повратни информации, насоки и позитивно засилување. Кога ова го нема, работните обврски се нејасни. Тоа може да доведе до забуна и фрустрација; вработен може да даде помал придонес без да биде свесен за тоа.

Влијае врз културата на компанијата – Лошата комуникација може да биде фрустрирачка за вработените создавајќи недоверба и конфузија. Ако вработените немаат добра комуникација меѓу себе и со своите надредени, и не чувствуваат дека нивниот глас некој го слуша, нивната лојалност и посветеност на организацијата може да страда.

За компаниите да останат конкурентни, ефективните комуникациски вештини, стратегии и алатки се задолжителни. Тие мора да ги разберат и идентификуваат основните причини за лошата комуникација.

Обезбедувањето на ефикасна комуникација на вработените може да доведе до зголемување на перформансите и да им помогне на компаниите да работат поефикасно. Исто така, конструктивно е да се практикува активно слушање, вештини за емоционално менаџирање и тимска комуникација со вработените. Создадете култура на славење на достигнувањата и прогресот.

На овој начин, може да забележите позитивен поврат на инвестицијата, додека во исто време го зајакнувате ангажманот и поврзаноста на вработените.

 

2 коментари
4

Related Posts

2 коментари

Ана јуни 2, 2020 - 1:41 pm

Читајќи ја статијата за лоша комуникација како да сте направиле опис на една компанија во која имав прилика да работам. Неверојатно како таа фирма продолжува да опстои со таков тежок хендикеп. Се во овој текст е токму тоа што се случува во реалноста таму секој ден. Тоа треба да се казни. Кога би можела, би го казнила работодавецот и би ја затворила таа компанија. Луѓето таму се осакатени за цел живот.

Врати
Влијанието на комуникацијата на работните места | Brainster јуни 6, 2023 - 4:28 pm

[…] ја нејзината колумна којашто беше објавена на порталот 24HR, на тема „Како лошата комуникација влијае на вашето […]

Врати

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...