Како лошиот регрутмент им направи проблеми на Реал Мадрид и Барселона

од 24HR

Веројатно се прашувате што бара статија за фудбал на 24HR? Или, уште подобро, каква врска има HR-от со Реал Мадрид и Барселона? Верувајте дека управувањето со човечките ресурси е и те како важно дури и за двата најголеми фудбалски клубови на денешницата!

Реал Мадрид и Барселона се двата најголеми фудбалски клубови на планетата. Но ако погледнеме под површината, и двата клубови се соочуваат со сериозен проблем.

На двата полуфинални дуели од Лигата на шампионите кои се одиграа во август годинава, за првпат после 13 години се случува ниту еден од овие тимови да не игра во полуфинале.

И додека фудбалските фанови вината за тоа ја бараат во играчите, аналитичарите сметаат дека проблемот не се наоѓа во еден играч, туку во една поширока област – погрешна стратегија за регрутација.

Каде згреши Барселона?

Лионел Меси еднаш изјави дека Барселона го има најдобриот тим во светот – тим кој не зависи само од еден играч. Но дали е навистина така?

Барселона, исто како и својот вечен ривал Реал Мадрид, троши огромни пари на трансфери, но голем дел од тие пари во изминатиот период беа потрошени на играчи кои едноставно не се вклопија во тимот.

Такви играчи беа Кутињо, Дембеле, Гризман, Џери Мина и Малком.

Во последните неколку години тимот од Каталонија потроши преку 440 милиони долари на играчи, но ниту еден од нив не придонесе за значително подобрување на тимот.

Во меѓувреме, клубот ги занемари своите младински структури. Барселона, која некогаш ја имаше најдобрата младинска академија во Европа, во изминатиот период ги извади само Ансу Фати, Рики Пуиг и Карлос Алења.

Весникот The Athletic неодамна објави дека во изминатите 365 дена во Барселона имало само еден скаутинг состанок, а според инсајдерски информации не им се верувало многу ниту на експертите за Data Science.

Кога тие би биле прашани за совет околу идните трансфери, можеби клубот ќе знаеше дека Гризман нема да се вклопи во Барса.

Така на пример, иако скаутите на Барселона беа за тоа да се потпише Ферланд Менди, клубот одлучи да го доведе Јуниор Фирпо кој воопшто не импресионираше.

Сега „Каталонците“ се обидуваат да го продадат Фирпо во Интер, а за возврат да го земат Лаутаро Мартинез. Прашањето кое се поставува е дали некогаш ќе ја научат лекцијата?

Проблеми има и во Мадрид

Кралскиот клуб не е ист после разделувањето со Кристијано Роналдо.

За да биде полошо, “Кралевите“ во моментов се соочуваат со уште еден проблем, а тоа е стареењето на своите „ѕвезди“.

Рамос, Крос, Модриќ, Марсело и Бензема – секој од нив има над 30 години, а важат за костурот на тимот. Во меѓувреме, нема кој да ги замени нив.

Во изминатиот период Реал Мадрид потроши 200 милиони долари на Азар и Јовиќ.

Но Азар премногу често се повредува, а трансферот на Јовиќ се покажа како потполно промашување.

Додека овие два тима се соочуваат со сериозни проблеми, останатите големи клубови во Европа полека им се приближуваат.

Останува да видиме дали работите за Барселона и Реал Мадрид ќе бидат малку подобри во претстојната сезона, но доколку проблемот за нивната ригидност е навистина погрешната стратегија за регрутација, менаџментот на двата клубови ќе мора да преземе конкретни чекори.

Луѓето што се занимаваат со HR најдобро знаат какви се долгорочните импликации од погрешната стратегија за регрутација.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...