Ковид-19 предизвика големи главоболки за вработените во човечки ресурси

од 24HR

Губењето на работното место е нешто што најмногу ги загрижува сите вработени, а веднаш потоа следи стравот од намалување на платата и опасноста од заразување со Ковид-19 додека се на работа. Големо мнозинство (93%) од носителите на одлуки во HR индустријата велат дека се соочиле со досега невиден притисок поради Ковид-19, стои во најновиот извештај на британската консултантска компанија LHH.

Извештајот на LHH, заснован на истражување спроведено во април, покажува рекордно високи нивоа на притисок врз одделенијата за човечки ресурси како резултат на пандемијата со коронавирусот.

Големо мнозинство (93%) од носителите на одлуки во HR индустријата изјавиле дека се соочиле со досега невиден притисок, а четвртина (25%) од нив отидоа дотаму да кажат дека компаниите не се справиле доволно добро со технолошките вишоци и отпуштања, како што би го направиле тоа во нормални околности.

Зборувајќи за технолошките вишоци, над една третина од нив велат дека целиот процес би поминал многу полесно кога би можеле некако да им помогнат на вработените во заминување да најдат ново работно место, а 65% сметаат дека работењето со надворешен партнер за обезбедување на кариерна транзиција е многу важно во моментов.

За жал, третина од испитаниците признаа дека иако ги гледаат бенефитите од ваквата стратегија, тие веруваат дека постои ризик нивниот работодавач да ги пренасочи ресурсите на некои други деловни приоритети.

Тоа што вработените го сметаат губењето на работното место како нивен најголем страв во моментов, поголем и од намалувањето на платата или заразувањето со Ковид-19 на своето работно место, сугерира на јасни проблеми во компаниите од аскпект на мотивација и продуктивност. Дури 88% од вработените изјавиле дека нивниот морал бил под влијание на овие стравови, а 83% признале дека тоа влијаело на нивната продуктивност.

Уште позагрижувачки е тоа што HR-ите истакнале како процесот на технолошки вишок создава култура на низок морал и страв, при што некои вработени ова го комуницираат и надвор од организацијата, вклучувајќи 11% кои откриваат дека виделе како нивните вработени се жалат јавно на социјалните мрежи. Ова укажува на тоа како лошото справување со заминувачите сега ќе има негативен импакт врз брендот на работодавачот.

Од вработените кои работат за компанија која им обезбедила тековно вработување на друго место, 53% изјавиле дека сè уште имаат позитивен став за својот работодавач.

Извештајот на LHH под називот Redundancy Rethink се однесува на Велика Британија и во него се опфатени 1000 вработени и 300 носители на одлуки во областа на човечките ресурси.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...