Колку е важен концептот на Национален капитал за вештачка интелигенција?

од 24HR

24HR во следиот период ќе објавува серија текстови од нашиот колумнист од Хрватска – Ацо Момчиловиќ – во кои ќе бидат презентирани резултатите од неговото најново глобално истражување за националниот капитал за вештачка интелигенција (NAIC).

Растот на нееднаквоста помеѓу најсиромашните и најбогатите поединци и држави е главна тема во медиумите веќе некое време. Кои се причините и кои се последиците од тоа? Постојат многу идеи и коментари кои се однесуваат директно на политичките системи и идеологии. Според мене, прашањето е: Дали нееднаквоста ќе продолжи да се зголемува и понатаму, и што е тоа што може да влијае на овој диспаритет да расте или да опадне?

Во 21-от век, јасно е дека најскапоценото нешто што може да се поседува на индивидуално и организациско ниво е знаењето, искуството… итн. Моите предвидувања се дека конструкцијата на човечкиот капитал ќе стане многу поважна и поистражувана. Веројатно, тоа е еден од факторите што ја прави разликата помеѓу земјите. За неговата важност можете да прочитате повеќе во мојата претходна колумна: Човечки капитал – единственото нешто што (о)станува важно?

Разликите меѓу земјите се веќе огромни, како што може да се забележи на мапата на Human Capital индексот направена од Светскиот економски форум. Сепак, во блиска иднина, каде што одредени работи може експоненцијално да се развиваат, може да се појави одредена сила што ќе го направи развојот на некои општества уште побрз. Токму затоа ни е потребен концептот на Национален капитал за вештачка интелигенција.

Пред извесно време, заедно со неколку поддржувачки организации ја спроведовме иницијалната глобална студија NAIC со цел да добиеме повратни информации од експерти од оваа област (AI заедницата). Нашата идеја беше да ги презентираме собраните податоци во неколку статии, а на крајот да го објавиме целото истражување како документ (кој ќе биде споделен со сите заинтересирани страни).

Одговори од преку 50 земји

Во истражувањето беа анализирани податоци од испитаници (претежно ексерти од областа на вештачката интелигенција) кои доаѓаат од 56 различни земји од сите континенти (трицифрен број). Повеќето од испитаниците беа од европските земји.

Оваа информација беше многу значајна за нас бидејќи верувам дека достигнувањата во областа на вештачката интелигенција ќе бидат под влијание на разновидноста на искуствата и самите луѓе кои се инволвирани. Затоа, ни беше многу важно да собереме различни мислења.

Разновидни профили на експерти

За да добиеме точен одговор на нашите клучни прашања, за нас исто така беше важно не само да имаме одговори од различни делови на светот, туку и од различни професионалци и експерти во областа.

Кога ја проверив нивната вклученост, тоа ни покажа дека ги покриваме скоро сите можни сегменти – сопственици и вработени во компании за вештачка интелигенција, академици / истражувачи во областа, девелопери и инженери за вештачка интелигенција, членови на стартап компании за вештачка интелигенција, како и голем број на ентузијасти за вештачка интелигенција.

Дали националниот капитал за вештачка интелигенција е нешто што треба да се разгледа, мери и следи?

Едно од клучните прашања во оваа фаза беше важноста на капиталот за вештачка интелигенција за секоја земја. Одговорите што ги добивме ги надминаа дури и моите очекувања бидејќи најчестиот одговор беше – Да, се чини како многу важен концепт. Во директната комуникација со голем број испитаници наидовме на интерес, предлози за соработка и одлични корисни повратни информации. Генералниот заклучок беше едногласно ДА – NAIC е нешто што треба сериозно да се земе предвид.

До овој момент, мал број на организации и институции ми помогнаа, и многу повеќе поединци. Ќе им се заблагодарам на сите во финалниот документ, а сега би сакал мојата посебна благодарност да ја упатам до Хрватската асоцијација за вештачка интелигенција која ме поддржа во домашниот дел од истражувањето.

За авторот:

Ацо Момчиловиќ е HR Консултант, основач на FutureHR и визитинг професор на Swiss School of Business and Management. Во својата богата кариера има работено во Rimac Automobili, FedEx, Tolar HashNET и други. Претседател на MBA Croatia.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...