Корпоративен коучинг за развој на лидери и управување со промените

од 24HR

Интервју со Христина Лозаноска – бизнис коуч, менаџмент консултант и основач на ВИТА ИНСТИТУТ – која ќе биде дел од програмата на првиот Коучинг форум на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

На 4 и 5 јуни ќе се одржи првиот Меѓународен Коучинг форум во организација на Меѓународната асоцијација за човечки ресурси. Темата на Коучинг форумот е „Нов код на значајни промени“ и истата има за цел да обедини многу значајни аспекти од потребата за управување со промените кои се случуваат на индивидуално, но и на корпоративно ниво. Повеќе детали за настанот ќе ни открие Христина Лозаноска која е дел од програмата на првиот Коучинг форум во Македонија.

Како бизнис коуч и менаџмент консултант, ќе бидете дел од програмата на првиот Коучинг форум на Македонската Асоцијација за човечки ресурси, која е вашата порака која ќе ја испратите со вашата тема на форумот?

Како долгогодишен член на МАЧР, и член на Огранокот за коучинг, ќе земам учество на првиот Коучинг Форум, кој е од регионално значење за промоција на коучингот како професија. Мојата презентација е фокусирана на Корпоративниот коучинг за развој на лидерите и управување со промените. Вклучитечно ќе ја презентирам и употребата на дијагноститката QUINTAUM (people analytics),www.quintaum.com, која нам коучевите ни овозможува подобар старт и многу аргументи за моменталните состојби во компанијата, лидерството, системот за управување со перформанси, културата и вредностите, како и добросостојбата на колективот на вработени. Овие резултати и бизнис сигнали даваат вистинска насока за тимскиот коучинг со менаџерите потребен за унапредување на состојбите. Овој Коучинг форум ни дава простор на сите учесници да ги презентираме дел од методите кои ги користиме во нашата работа, затоа мојата втора порака е начинот на работа на ВИТА Институт. www.vitainstitut.com

Може ли да ни откриете повеќе за QUINTAUM – дијагностиката. Кои се придобивките од оваа дијагностика за компаниите, но и за коучот кој работи со нив?

Оваа дијагностика базирана на “people analytics”, фокусирана на откривање на повеќе од 200 бизнис сигнали значајни за добрососотјбата на колективот, организацијата и аспектите на управувањето. Во позадина на QUITNAUM е тимот на словенечки експерти предводени од д-р Андреја Кодрин, кои преку вкрстување на повеќе различни експертизи, но и веќе развиени индекси на Deloitte, Gallup, Accenture, Boston Consulting Group, AT Kearney, Human Performance Institute, Palladium, направија уникатна методологија за организациска примена. ВИТА Институт од 2019 година е екслузивен застапник на QUINTAUM за Македонија. Главни организациски цели кои се таргетираат со оваа методологија, а потоа се работи коучинг за подобрување се:

Задржување на талентите во компанијата, за да се спречи губење на вредноста креирана од  знаење и искуства, губење на моралот преку одлив на добри кадри, и губење верба во компетентноста на тимот и способност за ефективна работа. Истото претставува предуслов за организациите и менаџерите да се остане напред во денешниот крајно неизвесен и брз свет.

Постигнување високи перформанси од страна на вработените преку развој на лидерството во компанијата,  менаџмент системи, грижа за благосостојбата и искуството на вработените.

Креирање иновативна култура, за динамичните тимови да привлечат таленти и да работат со целосно искористување на својот потенцијал, високо ниво на проактивност, иновативност и успешно управување со промените.

Зошто коучингот за развој на менаџери и менаџерски тимови сметате дека е најдобар пристап за справување за унапредување на состојбите?

Во основа на коучингот е постигнување на состојба на свесно лидерство, лично лидерство, но и водење на другите кон заеднички успех. Преку резултатите од дијагностиката Quintaum, како и со коучинг методи се делува на освестување на состојбите, целите и интересите кај менаџерите и менаџерскиот тим. Крајната цел е постигнување, поголема објективност во работењето и донесувањето на одлуките за иднината на компанијата. Согласно истакнатата улога на менаџерскиот тим, „главата на компанијата“, најголемите придобивки за унапредување на состојбите се постигнуваат преку работа и зајакнување токму на менаџерите во компанијата заради развој на нивните лидерски вештини, емоционалната интелигенција и самосвесност. Овој развој треба да им донесе поголема самодоверба и транспарентност во однос на соочување со предизвиците во рамки на организациската култура, интерперсоналните релации и мотивираноста кај вработените.

Коучинг процесот е директно поврзан со тековните деловни проблеми и реалности со кои се  соочуваат менаџерите, и менаџерскиот тим. Притоа, коучингот овозможува трансформативен процес кај менаџерите, зајакнување на нивните менаџерски вештини, вештини за работа со луѓе и истовремено зајакнување на вредностите на корпоративното управување.

Што подразбирате под управување со промените и која е улогата на коучингот за успешни промени?

Во денешни услови се поставува прашањето: „Дали ќе се промениме самите, или ќе чекаме да бидеме променети под влијание на екстерните фактори?“

Од тука, ние зборуваме за свесни промени, кои за да се случат потребно е да се идентификуваат моменталните состојби, да се даде мерливост на сите параметри кои не засегаат, и потоа свесно да се постават идните цели, односно да се идентификува патот за развојот, на индивидуално и корпоративно ниво. Колку побрзо менаџерите сфатат дека треба да одвојат време и ресурси за да ја планираат промената на лидерството, организациската култура, стиловите на комуникација во компанијата, приоритетите за развој и благосостојба на вработените, толку поефикасно ќе можат да управуваат со промените. Агилноста која е се позначајна лидерска карактеристика, за обезбедување на работењето на „core”- основните бизниси, потребно е да се применува и во креирање на агилен менаџмент со човечки ресурси, кој ќе овозможи работната сила да биде соодветна за опстанокот на компанијата и за нејзината иднина.

Коучингот е најделотворна метода за управување со промените, бидејќи овозможува методи за моќна(стимулативна) визуелизација, интеграција на целите со вредностите на менаџерите, зајакнување на тимот, и симулација на искуства кој на човечката психологија и се неопходни од аспект на активнирање на потсвеста која ги диктира правецот и темпото на промените.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...