ЛЕОРОН Институт за Професионален Развој вработува: Менаџер на одделот Човечки Ресурси

од 24HR

Испратете ја вашата кратка биографија на: careers@leoron.com со наслов HR Skopje!

За ЛЕОРОН:

Основан на долгогодишното искуство во производствениот сектор, кое неговите основачи го развиле во Шведска за време на глобалната експанзија во 90-тите, ЛЕОРОН еволуираше во сеопфатен институт за обуки и тренинзи, нудејќи решенија за обука и развој во сите стратешки корпоративни дејности, вклучувајќи ги и корпоративните финансии, ЧР, менаџмент на набавки?, корпоративно делување и инжинеринг.

 Со стратешка распределба на нашите канцеларии на водечки локации, како Дубаи, Акра, Скопје, Јонкопинг, Ријад и Алмати, нашиот тим на експерти годишно оддржува над 500 курсеви, а околу 10.000 професионалци се опремени со соодветното образование и најновите трендови во широкиот асортиман на индутрии низ ЕМЕА регионот.

Мисијата на ЛЕОРОН е да им помогне на нашите клиенти ширум светот да ја зголемат својата конкурентност, со тоа што ќе го подобрат нивото на компетентност на своите вработени, преку врвни решенија за обука и развој, кои се овозможени од најдобрите менаџери за обука во индустријата.

Без разлика дали нашите клиенти се соочуваат со потешкотии во реорганизацијата на својот бренд, надоградување на своите вработени со дополнителни вештини или проценка на компетенциите во рамките на веќе постоечките структури, нашето развојно планирање нуди одлични и врвни решенија. 

Нудиме:

  • Конкурентна плата и бонуси
  • Можност за патување низ светот
  • Континуиран напредок во познавањата од бизнис-сферата
  • Можност за придонес во глобалните иновации
  • Работа во интернационална средина, со поддршка и можности за професионален развој
  • Сеопфатна wellness програма
  • Работна средина посветена на исклучителни резултати и достигнувања
     

Одговорности и задачи: 

  • Соработка со водечкиот тим со цел разбирање и извршување на организациската стратегија за човечки ресурси, моменталната и идна потреба од таленти, регрутирање, задржување и планирање на наследување на позицијата.
  • Овозможува поддршка и водство на тимот од ЧР, менаџментот, и останатите вработени при појава на комплексни, специфични и сензитивни прашања и проблеми; може и да се бара извршување на рутиснки задачи и обврски во чувствителни околности, како на пример пронаоѓање решенија, истражување на обвиненија за неетичко работење, како и прекин на работните обврски.
  • Управување со процесот на вработување на нови кадри, кој може да вклучува регрутирање, интрвјуирање и ангажирање на квалификувани кандидати, особено за менаџерски, исклучителни и професионални позиции; соработка со менаџери на други оддели за подобро разбирање на вештините и способностите потребни за отворената позиција.
  • Анализа на новите трендови во структурата на надоместоци и бенефити: истражување и презентација на програми за конкурентен основен и субвенциониран надомест, со цел привлекување и задржување на високо-квалификуван кадар.
  • Создавање на програми за обука и развој, како и иницијативи за внатре-организациски можности за развој на вработените, врз основа на разработена рамка за процена на вештини и способности.
  • Надзор на дисциплински состаноци, прекин на договор и истраги за неетичко работење.
  • Оддржување на согласност со меѓународните, државните и локалните законски регулативи за вработување, како и препорачаните практики; преглед на политиките и практиките за усогласување со Правниот Оддел.
  • Да е во тек со трендовите, најдобрите практики, регулаторните измени и новите технологии во човечките ресурси, управување со таленти и законските регулативи за вработување и работни односи.
  • Извршување на други задачи. 
     

Потребни вештини/способности 

  • Одлични вербални и пишани комуникациски вештини.
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Искуство со мултинационална или меѓународна компанија.
  • SHRM, CIPD или кој било друг соодветен сертификат за менаџмент на човечки ресурси.
  • Искуство и познавање на рамките за мерки за квантитативна проценка на ЧР.
  • Способност да извршува стратешки планови и да имплементира политики на ЧР.
  • Одлични интерперсонални, преговарачки и способности за решавање на конфликти.
  • Одлични организациски вештини и внимание кон детали.
  • Силни аналитички способности и способност за решавање на проблеми.
  • Способност за приоритизација на задачи и соодветно пристапување кон нив.
  • Способност да делува со интегритет, професионалност и доверливост.
  • Темелно познавање на законските регулативи за вработување и работни односи.
  • Одлично познавање на Microsoft Office Suite или сличен софтвер.
  • Способност за брзо совладвање на организацискиот CRM и талент менаџмент системите.

Образование и искуство: 

  • Диплома за завршено високо образование во областа на Човечки Ресурси, Бизнис Администрација или слично.
  • Задолжително работно искуство од минимум 3 години.
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...