Колумна на Неда Спасевска – Менаџер за Човечки ресурси во Xessable.
Многупати слушаме за различни програми или процеси од областа на Човечките ресурси, а веројатно многупати и од лично искуство сме констатирале дека на пр. една талент / коуч / менторска програма фукнционира за едни вработени додека за други е неуспешна. Некој систем за награди успева да ја зголеми перформансата кај еден тим, а да предизвика незадоволство кај друг. Талент програмите кои успеваат да донесат оптимални резултати, сосема пресликани во други работни организации се покажале како неуспешени.
Кога користиме исти програми, исти модели или стратегии, тогаш тие би требало да се однесуваат на исти луѓе? Сметам дека е неизводливо. Не сме сите исти, едноставно луѓето не се исти. Токму затоа и клонирање на одредени докажани успешни талент програми се невозможни и секако може да ни донесат само главоболки.
Многу анализи покажале дека личните вредности на вработените во една организација се ретко на исто ниво меѓусебно во тимот. Значи 1 човек со друг во вашата организација кој има идентичен систем на вредности, е навистина мала. Констатација која на шега може да се каже 1:10000.
Секој човек, односно секој ваш вработен е стуктуиран, поврзан и изграден со посебен систем на вредности. Токму затоа и шаблон талент програма или било кој тип на програма не може да се смета здраво за готово успешна по дифолт, бидејќи се пропушта да се земе в предвид индивидуалноста на секој од нас.
Се почнува од нашите убедувања, карактери и лични ставови. Не толку одамна група психолози го утврдија феноменот на предрасуда – false consensus, што ги наведува луѓето да претпоставуваат дека сите размислуваат на ист начин, и дека постојат општи правила кога зборуваме за убедувања, верувања или вредности. Претпоставката на сличност може да ги убеди лидерите и раководните лица да креираат различни програми кои се еднолични.
На пример, сакате да ја зголемите ангажираноста на вработените во Вашата организација. Воведувате систем на награда или бонус кој функционирал по пренесено искуство за друг тим. Но замалку добрата намера може да направи револт кај другиот тим. Како? Едната група на луѓе или некои од нив навистина веруваат во вредноста на доделен бонус со кој тие би се чувствувале задоволно и би придонеле со поголема ангажираност во организацијата. Но за други тоа може да е навистина демотивирачки, бидејќи за овие вработени од голема вредност се кариерениот развој и растот во компанијата, менторство или слични кариерни можности кои би ги стимулирале.
Оттука, многу е важно да ги познавате своите луѓе. Сите менаџери со луѓе, раководители и директори би требало да можат да идентификуваат кои вредностите се најважни на своите луѓе. Иако ова не е воопшто лесно и навистина може да одземе многу време и енергија на почеток, сепак може да се изведе едноставно со креирање на листа на вредности, а преку истражувања, интервјуа или фокус групи да се идентификува кои се најважни за нив. На крајот ќе научите многу за своите луѓе и како да ги поддржите, што во основа може да им го смени и нивното работно искуство.
Откако ќе ги утврдите вредностите, искористете ја информацијата и направете цели за вашите вработени кои би можеле да ги премостат празнините меѓу компаниските вредности и личните на вработените. На пример некој вреднува истражување на нови технологии, а вие пак стабилност. Дајте можност и шанса вашиот вработен да истражи и тестира нови пристапи или алатки во одржување на стабилноста во вашата организација и сл.
Да се поддржуваат и развиваат вашите вработени или да се подобрува нивната ангажираност како да се тие идентични е погрешно. Наместо да претпоставуваме сличности, истражете и пронајдете што е она што не прави уникатни и оригинални, а притоа креирајте процеси да им помогнете во таа мисија да бидеме подобра верзија од себе си.
За авторот:
Неда Спасевска е Менаџер за Човечки ресурси во Xessable. Има над 15 години искуство во администрација и ИКТ секторот, а од 2015-та работи во областа на Човечките ресурси во оутсорсинг работни средини. Од 2019 е активно вклучена во сите стратешки процеси поврзани со Човечките ресурси во компанијата Xessable, а нејзин предизвик и фокус е регрутација и развој на вработени.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.
1 коментар
Јасен, концизен и пред се текст којшто се темели на лично искуство.