На ден 21 октомври на платформата Zoom од 18:00 часот, се одржа онлајн настанот во рамките на проектот „Мој Правен Советник“.
Настанот имаше за цел да презентира и да поттикне дискусија за една важна општествена тема, а тоа е ширењето на знаењето, разбирањето и свеста на граѓаните за актуелните правни реформи и правна пракса во локалната самоуправа.
На онлајн настанот на кој присуствуваа повеќе од 180 учесници се презентираа истражувањата од страна на проектниот тим на Мој Правен Советник.
Игор Петровски, имаше свое излагање на темите „Важноста на буџетската транспарентност на локално ниво“ и „Препораки за унапредување на работата на општините“ и ги истакна „Информациите и знаењата за трошењето на јавните финансии во општините во РСМ“.
Тој потенцираше дека транспарентноста на ова поле е незадоволителна, а активностите за контрола на овие издатоци се повремени и недоволно развиени, поради што властите имаат можност да располагаат со средствата неодговорно, притоа повремено прикажувајќи дејствија на транспарентност и отчетност.
Понатаму, свое излагање имаше и Ања Ујдур, која се осврна на темата – „Анализа на родова застапеност на локално ниво“.
Таа потенцираше дека за да се избегне родовата нееднаквост, потребно е женските и машките прашања и искуства, да станат задолжителна димензија на дизјанирањето, спроведувањето, како и следењето и оценка на политиките и програмите што се донесуваат, во сите политички, економски и национални сфери. Овој дел од презентацијата опфати и детална анализа презентирана преку инфо-графици кои ја прикажаа состојбата на родовата (не)еднаквост во повеќе општини во државата.
Последна од тимот на Мој Правен Советник своја презентација имаше и Софијана Марковска, коај се осврна на темите: „Корисни информации за граѓаните во остварувањето на своите права пред општините во РСМ“ и „Улогата на локалната во заштитата на животната средина“.
Во своето излагање таа појасни дека „Министерството не е единствениот адресат за заштитата на животната средина и природа, напротив локалната самоуправа игра исто така голема улога, дотолку повеќе што истата е многу поблиска до граѓаните за разлика од централната власт. Таа истакна дека не треба да се чека до крајна инстанца респонзивноста на централната власт, бидејќи тоа секогаш одело поспоро, туку граѓаните можат активно да партиципираат со општините по однос на овие прашања“.
Проф. Д-р Ана Павловска Данева како експерт во административно право и јавна администрација, зема учество во настанот и даде свој стручен коментар за прашањата од областите кои беа тема на дискусија, при што истакна „Го поддржувам целосно тимот на Мој Правен Советник во барањето да се иницираат измени во Законот за амбиентален воздух. Она што е интересно е тоа што, тој закон содржи енормно голем број на сериозни надлежности за општините, за кои ми се чини дел од општините и органите на општините, апослутно не се свесни дека тие надлежности им припаѓаат и кога веќе немаат капацитет кај некои најверојатно не постои ни волја да се почитуваат овие одредби, подобро е законот да се смени, отколку само нешто да имаме на хартија, кое во пракса воошто не се имплементира.“
По презентацијата на истражувањата се отвори дискусија, каде што дел од учесниците се вклучија со прашања и коментари. Во тој дел учесниците наведоа дека имаат позитивни и негативни негативни искуства со општините, односно има одредени општини кои што направиле одреден прогрес минатите години, меѓутоа има простор за голем напредок и подобрување на работата на општините.
Инаку Здружението Мој Правен Советник Скопје – го спроведува проектот Мој Правен Советник. Проектот е финансиран од European Endowment for Democracy и има за цел да го зголеми знаењето и свеста на граѓаните за правата пред општините, како и за работата, обврските на општините и сл.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.