Регрутирање и онбордирање на хибридна работна сила

од 24HR

Дали некогаш замислувавте дека ќе дојде време кога ќе вработуваме и онбордираме луѓе што никогаш не сме ги сретнале лице в лице? Веројатно не – а сега тоа стана сосема нормално.

Откако се појави Ковид-19, повеќето професионалци за човечки ресурси беа приморани да управуваат со далечинска работна сила. Тој процес отвори многу прашања кои се поврзани со начинот на вработување и онбордирање на кандидатите.

И покрај тоа што сè уште е рано да кажеме дека далечинското управување е тука за да остане, се појавија и некои добри практики за виртуелно регрутирање и онбордирање кои станаа доста интересни за одделенијата за човечки ресурси.

И во моментов тие се поважни од кога и да е, бидејќи многу компании сега функционираат како хибридни работодавци. Така на пример, една студија на консултантската куќа „Вест Монро“ покажа дека дури 25 проценти од компаниите веќе адаптирале некој хибриден модел на работа.

Тоа ги прави регрутирањето и вработувањето уште поинтересно, а еве некои добри практики кои ќе ви помогнат подобро да се прилагодите на хибридниот начин на работа:

Задржете ја вашата култура

Многу организации се соочија со драстични промени во изминатата година, како што се трансформација на физичката работна сила во 100% хибридна. Ако тоа се случи и во вашата компанија, важно е да бидете сигурни дека културата на вашата компанија нема да настрада при имплементација на овие процеси.

Наместо тоа, погледнете како се одвиваше регрутацијата во нормални околности и обидете се да го реплицирате секој чекор – или скоро секој чекор – за да ја задржите вашата автентичност. Колку поблиску можете да дојдете до оригиналното искуство, толку е поголема веројатноста да продолжите успешно да регрутирате и онбордирате кандидати на вистинскиот начин.

Сепак, не се фокусирајте само на работите што сте ги имале, туку обрнете внимание и на новите можности.

Користете онлајн платформи

Без оглед на практиките кон кои се придржува вашата компанија, на располагање ви се голем број на онлајн платформи за регрутирање и онбордирање кои ќе ви помогнат да создадете подобро кандидатско искуство за новите вработени.

Ова е особено важно ако новите вработени ќе работат од дома бидејќи вие ќе сакате да процените колку ефективно тие можат да комуницираат преку најразлични канали и дали нивниот стил на комуникација е компатибилен со тимот.

Проширете го опсегот на кандидати

Ако вашата компанија продолжи со далечинска работа или хибриден модел на работа, вие ќе можете да ја проширите мрежата за вработување. Вашите потенцијални вработени ќе можат да работат од каде било, што ви овозможува да земете во предвид поголем број на апликанти.

Затоа, започнете да регрутирате на различни начини. Рекламирајте се на социјалните мрежи, охрабрете ги вработените да препорачуваат кандидати од другите градови и бидете креативни бидеќи секогаш постои начин.

Вклучете ги другите членови на тимот

Онлајн платформите овозможуваат на интервјуто за работа да се вклучат и останатите членови на тимот во кој ќе работи кандидатот. Истражувачи на Харвард откриле дека динамиката на тимот и ефективната соработка значително влијаат на индивидуалните перформанси на вработениот.

Вклучувањето на другите вработени во процесот на регрутација несомнено ќе ги зголеми шансите да пронајдете посоодветен кандидат кој ќе се вклопи во тимот на најбрз и најлесен можен начин.

Разговарајте за очекувањата

Клучно за вработените во човечки ресурси, менаџерите, менторите и секој друг што е дел од процесот на онбордирање често да ги комуницира плановите и очекувањата со кандидатите.

На вработените мора да им кажете (вербално или писмено) што да очекуваат за време на онбордингот – како и кои се вашите очекувања од нив – доколку сакате да имате јасна комуникација од самиот старт.

За таа цел, редовно појаснувајте им на вработените како нивните и вашите очекувања се вклопуваат во мисијата на компанијата, целите на тимот и нивните индивидуални одговорности.

Креирајте трајни врски

Новите вработени во ситуација на далечинско или хибридно работење ќе се чувствуваат исклучено. Колку и да се трудите, сепак ќе биде тешко природно да ги поврзете со другите, да ја апсорбираат културата на компанијата и како се одвива процесот на колаборација надвор од канцеларија. Многу компании користат видео пораки и други алатки за комуникација за да им овозможат на вработените да останат поврзани едни со други. Некои сектори за човечки ресурси одат до таму што организираат и виртуелни забави со цел да го подигнат моралот и чувството на заедништво п

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...