Колумна на Проф. д-р Даниела Карадаков – професор на БАС Високата школа во наставната област Менаџмент на човечки ресурси.
Откако во вториот дел од статијата ги разгледавме и останатите извори за е-регрутирање, во овој трет дел ќе се задржиме на нивните предности и недостатоци.
Организациите за да можат да го следат современиот тренд на менаџментот на човечки ресурси, особено во процесот на вработување, потребно е да инвестираат во алатки за успешна online регрутна стратегија. На тој начин организациите ќе ги зголемат можностите за добивање на соодветни квалификувани човечки ресурси.
Во претходните две статии, поврзани со оваа тема, дадов приказ на современите извори за е-регрутирање на човечки ресурси, како што се интернет страница на организацијата, специјализирани интернет страници, социјални медиуми, електронска пошта, мобилни телефони и апликации и виртуелни саеми за вработување, а во оваа статија ќе ги нагласам предностите и недостатоците што организациите ги забележале од примената на истите во пракса.
Предности
Како дел од предностите кои се забележани од примената на современите извори за е-регрутирање во пракса можам да ги наведам:
- Ги намалуваат трошоците на организацијата;
- Го намалуваат времето потребно за регрутирање на човечките ресурси;
- Овозможуваат брз и лесен пристап до информации за вработување;
- Создаваат можност за пристап до пасивни баратели на работа;
- Претставуваат можност за креирање на „базен“ на таленти;
- Пофлексибилен пристап до кандидати за вработување;
- Достапност до поголем број на заинтересирани кандидати за вработување;
- Создаваат можност за регрутирање во поголем регион;
- Има можности за аплицирање и на странски кандидати за вработување;
- Се избегнуваат бирократски процедури;
- Создаваат можности за директна комуникација со кандидатите;
- Претставуваат на некој начин потврда дека кандидатот е компјутерски писмен;
- Претставуваат поедноставен начин кој допира до новите генерации на кандидати;
- Овозможуваат поголема транспарентност и отвореност на организациите;
- Претставуваат можност за промоција на организациите;
- Побрза комуникација и побрзо добивање на повратна информација;
- Полесно откривање на неквалификуваните кандидати;
- Побрзо ширење на информациите и сл.
Недостатоци
И покрај тоа што нудат низа предности, сепак од примената на овие извори на регрутирање се забележани и низа недостатоци, како што се:
- Повеќе кандидати е подобро, премногу кандидати е полошо;
- Можност за аплицирање на поголем број несоодветни кандидати;
- Намалена заштита на личните податоци;
- Некои кандидати немаат пристап до интернет;
- Некои кандидати не се запознаени со ваквите можности за аплицирање за работа;
- Законско ограничување во одредени дејности;
- Бараат дополнителен ангажман од страна на организациите;
- Изостанува непосредниот контакт;
- Лошо пренесени или разбрани информации;
- Намалена веродостојност на податоците што ги пренесуваат кандидатите;
- Недоволна јасност;
- Можност од злоупотреба на процесот и податоците;
- Непознавање на технологијата и сл.
Согледувајќи ги предностите и недостатоците од современите извори за е-регрутирање на човечките ресурси, може да се каже дека организациите треба да изберат соодветна регрутна стратегија со која би опфатиле извори за регрутирање кои би обезбедиле поконкретна работна сила соодветна за одредено работно место.
За авторот:
Проф. д-р Даниела Карадаков е професор на БАС Високата школа во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Таа бележи богато наставно, обучувачко, и менаџерско искуство. Активна е како професор, обучувач, консултант и истражувач во полето на менаџментот на човечки ресурси, личниот менаџмент, организациското однесување и комуницирање, интерперсоналните односи, организирањето на настани и сл. Од 2012 до 2021 година ја вршеше функцијата директор на БАС Високата школа, каде за нејзината успешна работа сведочат две посебни признанија: Признание за оживотворување на мисијата на БАС, добиено во 2015 година од страна на основачите на БАС и Признание за жена менаџер во 2018 година, добиено од страна на Агенцијата Марили. Прв автор е на две изданија: Личен менаџмент и Практикум по личен менаџмент во издание на БАС. Во текот на својата кариера има објавено бројни стручни и научни трудови, научни трудови со импакт фактор, а исто така активно учествува и на домашни и меѓународни стручни и научни собири.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.