Управување со таленти – Управување со потенцијалот на компанијата

од 24HR

Кога станува збор за управување со една организација, помислуваме на управувањето со проектите, процесите како на пример продажба, маркетинг или финансиите. Помислуваме на планирање на активности кои водат кон резултати. Но колку често помислуваме на управувањето со ТАЛЕНТИТЕ, кои ги реализираат сите тие стратегии и процеси?

Токму на оваа тема реализиравме интервју со Наташа Ивановска и Биљана Велевска, консултантки за организациски развој, во пресрет на работилницата на тема Стратегии за обезбедување, управување и задржување талентикоја ќе се одржи на 31.03.2021 (среда), во онлајн формат и во организација на Стопанската Комора на Македонија. Како специјалистки во областа на развој низ бизнисот преку развој и управување со вработените, на работилницата ќе споделат практични знаења и алатки како основа на оваа многу важна тема за секоја организација.

За почеток, кажете ни од каде оваа тема за работилницата?

Наташа: Искуството со голем број компании укажува на потребата од системски пристап и конкретни политики за човечки ресурси. Започнуваме од големата слика – каде организацијата оди, која е визијата и стратегијата за следните две до пет години? Колку како менаџерски тим споделуваме заеднички погледи и носиме одлуки, или пак реагираме на тоа што се случува?  Ако знаеме каде одиме – ќе знаеме што ни е потребно таму да стигнеме. Кој ни е потребен во тимот.

Поедноставно кажано – не е сеедно какви вработени ќе привлекуваме, како тие ќе се снајдат на работното место и како ќе придонесуваат. Мал е фокусот на поставување на јасни описи на работни места, кои одговараат на процесите кои се реализираат. Како ќе знаеме кој ни е потребен ако ја немаме сликата што тој вработен точно треба да работи? Од тука е почетокот – инвестирајте време во основата, за да градите нагоре.

Биљана: Тука би додала дека и за поимот Талент има различни дефиниции и разбирања. Тоа не се само “посебно талентираните” вработени, ѕвездите во тимот. Тие секако се важни, и ги има во секоја организација. Но исте знаеме дека успехот е тимки напор, ЗБИР ОД ТАЛЕНТИТЕ на сите вработени. Тоа се нивните афинитети, знаења, искуства, едноставно кажани ниво на компетенции кои ги носат како вреден капитал во компанијата. Со тој капитал треба да се управува!

Токму за тоа ќе стане збор на работилницата – како да ја поставиме основата, да разјасниме што ни е потребно, за да можеме тоа и да го бараме на пазарот на труд. Ова е особено важно во време на приомени и криза, кога треба да се носат сложени одлуки во врска со вработените. Како ги носиме ако немаме визија и стратегија за управувањето со вработените?

И, што понатаму, кога ќе се постави основата?

Наташа: Секој вработен ќе даде онолку колку што системот на работа ќе му овозможи и, во крајна линија, ќе бара. Затоа е важно да постојат поставени правила на игра, систем за управување со учинокот (Performance Management System) и јасни индикатори по кои тој учинок ќе се мери. Кога секој вработен знае што од него се очекува, што се вреднува, кои вештини му се потребни за истото да го реализира – расте мотивацијата и ангажираноста.

Ова е основата на управувањето со талентите – градење на компаниска култура во која јасно се знаат очекувањата и целите, а секој ја има личната одговорност да се развива и да придонесува кој реализација на тие цели.

За крај, за кого е наменета оваа работилница и што може учесниците да очекуваат да понесат од неа?

Биљана: Работилницата е наменета за менаџери кои работат на ниво на поставување стратегии и дефинирање на бизнис процеси, со фокус на управувањето со човековиот капитал на органзизацијата. Темата е обемна, па на работилницата ќе се фоксураме на практичните аспекти и ќе споделиме конкретни алатки кои учесниците ќе можат да си ги понесат и применат во своите компании.

Веруваме дека темата ќе предизвика интерес, особено во ова време кога секој бизнис има прашања како да ги планира и управува вработените. Најдобар начин да ја предвидиме иднината е да работиме на нејзино креирање – одвнатре, во компанијата.

Пријавувањето на работлницата е на следниот линк.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...