Финансиското друштво М Кеш е современа компанија со најсовремени методи и компетенции во градењето на професионалните профили на вработените.
Тоа значи дека секој вработен е во континуиран процес на градењето на професионалните специјалности во компанијата, со перманентно отворено поле во унапредување на знаењето и кариерата. Ваквата политика е голем мотивирачки фактор на секој вработен што стартувал на одредена работна позиција, му се отвара можност да го гради, надоградува и усовршува своето професионално портфилио.
Во кратки црти мотивацијата може да се дефинира како волја за постигнување на резултати, но таа не претставува радост, среќа и задоволство на вработените, туку пред сè волја и спремност да започнат акција која ќе доведе до видливи резултати.
Неопходен и неизбежен удел во градење на мотивирачка структура на вработени и градењето на правилен и вистински пат на развојот има одделот за човечки ресурси, тоа е неговата посветеност, одговорност и мисија не само за опстанок туку и долгорочен прогрес на компанијата.
Професионалната политика на М Кеш практикува три главни мотиватори за вработените:
1. Кариерен раст
Кариерниот раст подразбира интерно надоградување на вработениот со нагорна ( вертикална) мобилност во работната позиција и можност за избор на оптимален сопствен професионален профил. Тоа всушност е една од главните препознатливи одлики и на нашата групација од која потекнуваме. М Кеш е дел од МФГ групација со седиште во Бугарија чија примарна дејност е кредитирање на населението со брзи кредити во повеќе земји (Полска, Романија, Украина, Бугарија), каде стандардите за кариерен развој се унифицирани. За секоја отворена позиција прво се дава предност на вработените во компанијата. Токму таа унификација е голема мотивација, сите региони се поддеднакво третирани и ваквата политика го гради чувтството на сигурност и припадност кај вработените.
2. Обука и развој на вработени
Овој дел е во директна врска со кариерниот раст. Компанијата има интерен тим од бизнис тренери во состав на одделот за човечки ресурси на М Кеш кои е еден од доминантните оддели во кариерниот развој на вработените и грижата за професионалната структура и компетентност на секоја работна позиција. Со тоа компанијата создава свесност и одговорност кон вработените третирајќи ги како жива материја а не како статистички бројќи на работни места. Групацијата која веќе ја спомеанв има елитна ориентација во развојот и перспективата на вработените со оглед на фактот што има обучени тимови за секој домен во структурата на М Кеш. Тоа е огромен бенефит за вработените бидејќи покрај надворешните обуки кои ги организираме за усовршување на кадарот, интерно ни се достапни обуки од секоја област кои се одржуваат од страна на еминентни лица кои имаат долгогодишно искуство во одредена област . Исто така практикуваме неколку дневна обука во Бугарија на секој еден нов вработен.
3. Формална и неформална мотивација
Формалната мотивација подразбира унапредување со плата, позиција и сите бенефити кои ги вклучува одредена позиција . Додека пак во нефомална мотивација се – плакети, симболични награди и признаници, бонуси, лично издвојување на вработен за одреден постигнат успех, разни видови презенти, тим билдинг, надворешни обуки кои придонесуваат секој вработен да се чвствува како единствен, незаменлив, потребен но и одговорен.
На овој начин и со овие методи и алатки достојно сме пласирани на пазарот на трудот како компанија која ги фаворизира технологијата на работниот процес, усовршувањто на вештините и постојаната флексибилност на дневните потреби компатибилна со најмодерните барања на комплексно менаџирање на работните процеси во модерната ера која секојдневно е под ултиматумот на барање нови, моќни и креативни перформанси за опстанок во брзо променливиот и динамичен деловен свет.
Ние ја правиме авангардата во управувањето, особено на овие простори во грижата да се пронајде најдоброто и максимумот во секој вработен.
За авторот:
Бјанка Катру е Менаџер за човечки ресурси и администрација во Финансиското друштво М КЕШ. Во 2007 година се стекнува со титула Дипломиран политиколог и специјалист по човекови права на Универзитетот Американ Колеџ, а во 2009 станува Магистер за Менаџмент на човечки ресурси. Се води по мудрата мисла дека знаењето е моќ, но однесувањето создава почит.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.