3 клучни HR трендови кои ќе следат во пост Ковид-19 периодот

од 24HR

Пред пандемијата, светот одеше напред и економијата растеше, но коронавирусот, кој се прошири како шумски пожар низ целата планета, доведе до социјално дистанцирање и беше погубен за некои индустрии.

Ковид-19, пандемијата што ги промени животите на луѓето на секој можен начин, не ги поштеди ниту економиите и бизнисите. За луѓето во HR индустријата тоа беше голема промена. Од начинот на вработување преку начинот на задржување на вработени па се до начинот на нивна евалуација, сето тоа се промени и не подготви за новата реалност.

Велат дека она што е лошо за едни, за други претставува можност. Неколку индустрии, како што се фармацевтската, здравствената, индустријата за забава и платформите за е-учење забележаа раст на побарувачката за работна сила и отворање на нови можности за вработување, додека други, како што се угостителството и туризмот беа сведоци на пад на активностите поврзани со вработување и во моментов се соочуваат со борба за опстанок и задржување на вработените. Во ова сценарио, компаниите мора да размислуваат за преземање на различни мерки со цел да не се задуши растот на нивните организации.

Еве неколку трендови во областа на човечките ресурси кои компаниите треба да ги очекуваат во пост Ковид-19 периодот:

Дигитализација на процесот на регрутација

Регрутирањето кое исто така го следи социјалното дистанцирање ги натера компаниите да ја префрлат целата своја стратегија за регрутирање на виртуелни платформи и сега истите тие размислуваат за интелигентни автоматизирани системи кои нудат околина за виртуелен скрининг и интервјуирање на потенцијални вработени, наместо да спроведуваат интервју лице в лице.

Многу големи компании веќе некое време го прават ова, меѓутоа, малите компании се сè уште на почетокот на оваа адаптација и ќе им биде потребно време за да ја заменат вообичаената форма на комуникација со платформите како Zoom или Skype.

Редизајнирање на компензација

Некои компании веќе ја променија структурата за компензација на нивните нови вработени преку намалување на фиксниот надоместок и зголемување на варијабилниот дел кој се исплаќа само доколку вработените ги постигнат зададените цели. На овој начин, компаниите сакаат да ги намалат фиксните трошоци во своите организации.

За постојните вработени, кризата значеше намалување или целосно укинување на бонусите и запирање на плановите за промоција. Поради очекуваниот економски пад, поголемиот дел од компаниите се очекува да го следат овој тренд.

Мапирање на компетенции и преквалификација на вработени

Компаниите ја испитуваат можноста за прераспределба / преквалификација на некои од вработените од еден оддел во друг, за да можат да го извлечат најдоброто од нив. Ова, исто така, ќе ја намали потребата за нови вработувања во организациите за да се спречи дополнителен финансиски товар врз нивните буџети.

Овој тренд ќе им овозможи на работодавците да го спознаат јазот помеѓу вештините на кандидатите и нивната тековна позиција, а тоа ќе им помогне во усогласување на нивните компетенции преку различни платформи за учење.

Да резимираме. Иако постојат многу други непредвидливи трендови и мерки кои компаниите ќе ги преземат во пост Ковид-19 периодот, од голема важност е секоја одлука да се размисли и спроведе мудро, без да му наштети на брендот на работодавачот.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...