5 клучни карактеристики на добриот менаџер

од 24HR

Лошиот менаџер може да направи одлична работа да изгледа страшно, додека добриот менаџер може да направи и страшната работа да биде  донекаде поднослива. Како да препознаете добар менаџер? Постојат пет клучни карактеристики.

Добриот менаџер е тешко да се пронајде, многу тешко да се напушти и невозможно да се заборави. Тој може да ги инспирира вработените да учат, да растат и да се развиваат на своите позиции. Од друга страна, лошиот менаџер може негативно да влијае врз степенот на задржување на вработените и врз самата репутација на бизнисот.

Токму затоа, пронаоѓањето на талентирани менаџери може да биде крајно преидизвикувачки процес за луѓето што се занимаваат со регрутација и headhunting. Меѓутоа, постојат неколку клучни карактеристики кои ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот кандидат:

Флексибилноста е клучна

Една анкета спроведена од Manpower покажа дека скоро 40% од глобалната работна сила смета дека флексибилноста е една од првите три работи што тие ги земаат предвид при изборот на работа. Но, флексибилноста не е единствениот важен дел од менаџирањето – третирањето на вработените како поединци е исто така од суштинско значење. Тоа значи дека однесувањето на менаџерот треба да се разликува во зависност од различните ситуации. Менаџирањето „по книга“ каде постои едно решение за сите вработени не ја прави компанијата одлично место за работа. Добрите менаџери ги третираат своите вработени како луѓе. Тоа значи дека ги третираат со флексибилност и разбирање.

Искреноста е од суштинско значење

Да речеме дека во описот на работното место стои дека компанијата нуди „флексибилно работно време“ и „поддржувачка работна средина“. Но, откако ќе ја добиете работата, откривате дека дефиницијата на менаџерот за флексибилност значи дека можете да дојдете на работа во кое било време помеѓу 7:55 и 8:02 часот. Од друга страна, поддржувачката работна средина покажува дека сите треба да бидат во канцеларија во секое време, поддржувајќи се меѓусебно. Во тој случај, ќе започнете да ја мразите работата – дури и кога станува збор за добро работно место.

Искреноста не значи грубост, туку решавање на проблемите кога ќе се појават. Давањето на специфични примери на вработените за тоа како, кога и што е тоа што треба да го подобрат е далеку повредно од игнорирање на проблемот како да не постои.

Менаџерите, се разбира, не секогаш можат да споделат доверливи информации со вработените, но секогаш треба да им го кажат тоа што е важно за завршување на работата. Искрените менаџери не ги чуваат овие информации за себе.

Љубезноста е must-have

Законите за работни односи се темелат на концептот на сочувство. Ако вработениот добие новороденче, љубезно е менаџерот да дозволи мајката или таткото одредено време да му посветат на своето бебе.

Доколку некој вработен има проблем со грбот и има потреба од стоечко биро или специјализирано канцелариско столче, обезбедувањето на овие работи не само што е во согласност со законот за безбедност и здравје при работа, туку е и покажување на љубезност и грижа.

Запомнете дека добрите менаџери бараат начини да покажат љубезност дури и кога тоа не се бара со закон.

Праведност за плаќање и наградување

Луѓето не сакаат да зборуваат за нивните плати, што значи дека менаџерите можат прилично лесно да ги плаќаат своите вработени неправедно. Незаконски е да се плаќаат луѓе врз основа на нивната раса, пол и други лични карактеристики, а добрите менаџери треба да разберат дека праведното наградување е клуч за ангажираност и задоволство на вработените.

Една студија покажа дека вработените кои менуваат работни места добиваат многу поголеми покачувања од оние кои остануваат во истата компанија. Компаниите кои не даваат покачување кое е сразмерно со она што вработениот би го заработувал во некоја друга компанија не нудат фер плата.

Добриот менаџер секогаш наградува според заслуга.

Визија за градење успешни тимови со лидерски мајндсет

Добрите менаџери не само што внимаваат на сопствениот успех – тие се грижат и за успехот на своите тимови. За да станат добри лидери, менаџерите – особено оние кои се нови на позицијата – мора да развијат лидерски начин на размислување.

Добриот лидер сака вработените да се чувствуваат ангажирано и почитувано. Не се работи за тоа кој е во право, туку како да се изгради средина во која луѓето можат да успеат.

Многу пати, само со забавување и гледање на нештото од гледна точка на вработените, можете да разберете зошто настанал проблемот и како истиот може да се спречи. Ова е пример за лидерски начин на размислување – „што можам да направам за да ги подобрам работите“.

Заклучокот е дека не постои една унифицирана шема која секој менаџер треба да ја следи за да стане добар лидер. Но, со помош на овие основни принципи дефинитивно ќе успеете да ги издвоите добрите кандидати за менаџерски улоги. Успешните вработени водат кон успешен бизнис, а тоа е основната цел на секој успешен лидер.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...