Во нашата индустрија постојано се случува нешто ново што ги привлекува луѓето гладни за знаење и искуство, ова особено сега доаѓа до израз кога мора да најдеме нови вештини, техники и алатки за работа во виртуелна средина вели Ана Умерова од oдделот за човечки ресурси во А1 Македонија, компанијата која си постави цел да регистрира 50 илјади часа учење во текот на една година.
Ако некој побара од мене да се опишам со еден збор, тоа би било „бубалица“ :). Учењето и читањето се моја пасија од најмали нозе и љубопитноста во различни области ме поттикнуваат постојано да учам нови нешта и на тој начин да го предизвикувам status-quo-то во средината каде работам и живеам. Тие што ме знаат би рекле дека учењето и развојот на вработените се моја континурана инспирација бидејќи само така подготвени би ја пречекале непредвидливата иднина.
Затоа пред една година кога го започнавме проектот 50k Learning Challenge тоа беше еден возбудлив процес на ангажирање, поттикнување и вклучување на целата организација во процесот на континуирано учење, но и една лекција за нас, вработените во HR, како мора да го промениме начинот на кој го организираме процесот на учење во организациите.
Телекомуникациската индустрија е преводник на дигитализација и визијата да се биде лидер ја наметнува потребата од постојано учење и усовршување. Ова стана особено важно со појавата на корона вирусот кој наметна нов начин на работа и брза дигитализација. Како компанија која дејствува во таква индустрија, сме пожелен работодавач за вработените со оглед на динамиката и нејзиното челно место во технолошкиот напредок и развој. Затоа, за нас дигитализацијата веќе не е само клучен збор, туку е наше секојдневие и е присутна во сите области на нашето работење. Во нашата индустрија постојано се случува нешто ново што ги привлекува луѓето гладни за знаење и искуство, ова особено сега доаѓа до израз кога мора да најдеме нови вештини, техники и алатки за работа во виртуелна средина вели Ана Умерова од oдделот за човечки ресурси во А1 Македонија, компанијата која си постави цел да регистрира 50 илјади часа учење во текот на една година.
Што е 50K Learning Challenge?
Учењето за А1 Македонија е важна алатка за растење и регрутирање и е важен фактор за менување на културата. Со цел да поттикнеме промена на начинот на размислување и да ги предизвикаме вработените на учење го воведовме A1 50K Learning Challenge како проект. Предизвикот го воведовме со помош на нашиот виртуелен асистент Ела, преку кој секоја месец ја најавуваме топ-темата за учење, споделуваме содржини и материјали, ги наградуваме најголемите „бубалици“ преку gamification на процесот и промовираме внатрешни експерти преку програмата A1 Guru Talks. Крајната цел ни е сите заедно за една година да постигнеме 50.000 часа корпоративно учење. Сè уште не сме го постигнале, но задоволни сме што се доближуваме до нашата крајна цел.
Прочитајте > Collaborative Hiring – Најновиот тренд во процесот на регрутација и вработување во А1 Македонија
Зошто овој проект за учење е важен, особено за компанија како А1 Македонија?
Во А1 Македонија имаме предност бидејќи сме дел од А1 групацијата која промовира култура на постојано учење. Поддршката кон менаџерите и вработените беше континуирана во процесот на овозможување нови начини на работа. Со најавата на четвртата индустриска револуција едно знаеме сигурно, а тоа е дека знаењето, вештините и компетенциите на вработените треба да се менуваат вртоглаво брзо, што значи дека за нашата компанија е многу важно вработените да ги обновуваат и доградуваат своите знаења и вештини за т.н. вештини на иднината, како што се 5G, Cloud, IoT, Cyber Security, Agile, AI итн. за да може да продолжиме да ги задоволуваме потребите на корисниците, но и да ги едуцираме и да им нудиме нови иноватини решенија.
Кои канали за учење им се најпривлечни на вработените?
Нашата инспирација е нашите вработени да имаат можност за развој и учење согласно најновите светски трендови. Тоа што го учат нашите колеги во А1 е истото што го учат во најуспешните компании во светот, на што сме особено горди. Особено важни во овој период се дигиталните канали и платформи за учење.
Ние користиме разновидни канали за учење, како што се: учење преку онлајн-платформата е-Кампус, учење на работно место (on-the-job), размена на искуства од групација, интерни обуки, индивидуални и групни coaching сесии, читање онлајн-содржини, учество на екстерни обуки и конференции, читање стручна литература, вебинари и видео туторијали.
Што покажува Вашата статистика, за кои теми се најзаинтересирани вработените?
Она што моментално им претставува интерес на вработените за учење се дигиталните вештини, како што се Agile, 5G, Design thinking, Cloud, и „меките“ вештини, како што се, фидбек култура, развој на тимот, coaching, како и за градење на лидерските вештини. Интересно е што минатата и оваа година инвестиравме и во голем број индивидуални и групни coaching сесии. Сакаме да поттикнеме „Growth mindset” кај нашите вработени. Тоа подразбира отвореност и љубопитност кон нови работи.
Како ги прилагодивте програмите за учење согласно ситуацијата со корона вирусот и работењето од дома?
Пособен акцент во изминатиот период ставивме на водењето на виртуелни тимови, користењето на дигитални комуникациски и проектни алатки, како и давање на емотивна и психолошка поддршка. Вработените имаа можност да посетуваат специјализирани online обуки кои ги следеа преку конференциските алатки Zoom и Skype for business. Материјалите и темите беа дизајнирани за да дадат поддршка и вештини за побрзо и поупешно прилагодување кон новиот начин на работа. Посебно не радува што масивно се усвојуваат и користат дигиталните алатки и платформи. Вработените се нашиот врвен приоритет, заедно научивме многу од оваа тешка ситуација со која бевме соочени и сега чекориме заедно кон иднината збогатени со искуство со кое ќе ја предводиме „новата нормална“ ситуација.
Ана Умерова за порталот 24HR:
Навистина е одлично што во Македонија се поттикнува HR заедницата и „фелата“. Сега е одлично време да си HR-овец бидејќи интензитетот и брзината на промените ја централизира улогата на HR како линк помеѓу бизнисот и вработените. Порталот 24HR е вистинско освежување за поттикнување на HR практиките во македонските организации преку промовирање на интересни содржини и размена на искуства.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.