Компаниската култура станува сè поважен фактор за привлекување на врвни таленти па токму затоа треба да биде на врвот на вашата HR агенда. Денес на 24HR ќе прочитате неколку совети кои ќе ви помогнат да изградите позитивна култура на вашето работно место.
Културата на работното место не е само начинот на кој вработените се однесуваат додека се на работа, туку и вредностите во кои една организација верува и ги следи.
Стремежот на секоја организација е да развие позитивна работна култура, а секторите за човечки ресурси се тука за да им обезбедат на вработените се што им е потребно за ефикасно работење.
Денес, да се има позитивна култура на работното место е клучно за да се задржат најдобрите вработените среќни и мотивирани за работа.
Некои од начините за создавање на позитивна култура на работното место се наведени во продолжение:
Изградете доверба
Градењето на доверлив однос со вработените е првиот чекор за создавање на позитивна клима во вашата компанија. Кога вработените имаат доверба во организацијата, тие веруваат во нејзините одлуки и визија. Сепак, довербата не е нешто што може да се создаде преку ноќ – за да се стекне е потребно многу време и труд.
Затоа, секогаш негувајте активна комуникација со вработените и координирајте ги вредностите на компанијата. Исто така, од суштинско значење е секогаш да бидете искрени со вработените, дури и кога вистината може да биде поболна од лагата.
Запомнете дека признавањето на грешките создава култура на одговорност.
Прочитајте > Улогата на HR-от во промовирање на здрава компаниска култура
Детерминирајте ја актуелната култура
Секогаш е добро да знаете од каде треба да почнете. Од таа причина, од суштинско значење е да се утврди и признае сегашната култура на компанијата. Перцепцијата за организациската култура на менаџментот може да биде целосно различна од перспективата на вработените.
За да ја видите вистинската слика, отворете дискусија со вработените и одредете ја моменталната култура на компанијата. Ова ќе ви помогне при поставувањето на темелите на вашата стратегија.
Дефинирајте идеална култура на работното место
Пред да започнете со клучните активности, важно е да се објаснат идеалните квалитети кои организацијата ги преферира во својата култура. Секоја корпоративна култура е различна бидејќи и самите компании меѓусебно се разликуваат. Затоа, кога се дефинира идеалната култура најдобро е таа да се заснова врз визијата и вредностите на компанијата.
Поставете јасни очекувања
Голем број организации не ја комуницираат мисијата и визијата со своите вработени па тоа доведува до конфузија во врска со работните задачи и цели.
Вработените треба да разберат што е важно, а што не е важно за една организација. За да успеат во тоа, организацијата треба да постави јасни цели за своите вработени и да им даде можност да разберат како нивните индивидуални цели би придонеле за успехот на организацијата.
Прочитајте > Добрата компаниска култура е магнет за добри вработени
Фидбекот е важен
Клучот за создавање на фер работно место е во редовното евалуирање на вработените и давањето на корисни повратни информации.
За една компанија велиме дека има позитивна работна култура кога редовно го следи напредокот на своите вработени – бидејќи тоа ги зголемува шансите за успешно исполнување на целите на самата организација.
Давањето на чести повратни информации помага да се усогласат перформансите на вработените со самата корпоративна култура.
Давајте признанија за добро завршена работа
Позитивната култура на работното место не само што го менува однесувањето на вработените, туку и препознавањето на нивниот труд и постигнат успех.
Кога вработените работат над своите очекувања, добрата организација треба да ги препознае нивните напори и соодветно да ги награди.
Секогаш ценете ја и наградувајте ја напорната работа. Тоа ги мотивира вработените да бидат уште подобри.
Прочитајте > Како да дадете признание кое навистина ќе ги мотивира вашите вработени
Ставете акцент на ангажираноста на вработените
Ангажираноста на вработените е неопходна за позитивна култура на работното место. Со оглед тоа што во денешно време постои голем стрес на работните места, постојани рокови и преголем обем на работа, откажувањето на вработените стана вообичаена појава.
Задачата на организациите е да откријат начини како да ги одржуваат своите вработени среќни и ангажирани на долг рок.
Фокусирањето на ангажираноста, исто така, ќе и помогне на организацијата да ги разбере своите вработени и да создаде позитивна култура која ќе ги усогласи ставовите и вредностите на вработените со вредностите на компанијата.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.