7 одлични стимули кои ќе привлечат врвни таленти во вашата компанија

од 24HR

Од поголема флексибилност до можности за едукација… ова се неколку стимули кои ќе ви помогнат да бидете поатрактивен работодавач на пазарот на трудот!

Во време кога регрутацијата на врвни таленти станува сè поголем предизвик, голем број компании се соочуваат со проблемот на пронаоѓање на квалитетни кадри. За нив, тоа значи вложување на дополнителен effort во поглед на маркетирање на својата организација како посакуван работодавач. Па, освен конкурентна плата, што е тоа што го бараат кандидатите за да ве изберат токму вас како нивна следна кариерна дестинација?

Напредување во кариерата

Првата работа што е бараат врвните кандидати се можности за напредување во кариерата. За нив постои висока побарувачка така што многу лесно можат да кажат „не“ на работни места кои не нудат можности за напредок. Тие сакаат да ги прошират своите знаења, да научат нови технологии и да се соочуваат со предизвици што ќе ги унапредат нивните способности. Одличната плата не може да ја надомести кариерната стагнација, па компаниите треба да ги истакнат можностите за раст, унапредување и едукација секогаш кога имаат можност за тоа.

Здравствено осигурување

Во време кога нашето лично здравје е доведено во прашање, индивидуалното здравствено осигурување е нешто што може да направи разлика во вашата стратегија за привлекување на врвни кандидати. За да привлечете одлични кандидати, потребно е да понудите одлични услови, а овој бенефит дефинитивно ќе ви помогне во тоа. Нудењето здравствено осигурвање на вработените покажува дека се грижите за целокупната благосостојба на вашиот тим.

Флексибилност

За флексибилноста велат дека е придобивка на 21-от век. Голем дел од вработените се вљубуваат во одредени компании поради флексибилноста кои тие им ја овозможуваат. Во време кога сфативме дека работното време од 9 до 5 не е единственото решение, промовирањето на вашата организација како флексибилен работодавач може да ви донесе поени пред актуелните вработени, но и пред потенцијалните кандидати за вработување.

Неограничен одмор

Неограничен платен одмор е важен бенефит кој може да поттикне врвен талент. Искуството на компаниите кои го имаат тестирано покажува дека истиот функционира и не се злоупотребува од страна на вработените. Напротив, во комбинација со работата од далачина вработените користат слободни денови само тогаш кога навистина им се потребни.

Хибриден модел на работа

Можноста неколку дена да работат од канцеларија и неколку дена од дома е голема придобивка за вашите вработени. Вработените ја ценат грижата на нивните работодавци за рамнотежата помеѓу нивниот приватен и професионален живот, а тоа создава навистина добра култура што им помага на компаниите да ги привлечат најдобрите таленти на пазарот.

Уникатна култура

Кандидатите го сакаат чувството кога културата на вашата компанија одговара на нивните вредности како луѓе и професионалци. Ако не е така, тие ќе најдат некоја друга компанија која ќе им го понуди тоа.

Можности за едукација

Врвните таленти секогаш бараат средина која ќе им овозможи шанси за проширување на нивното образование. Овој бенефит носи уште поголеми резултати кога кандидатите своеволно ќе можат да изберат некој курс или обука која ќе им помогне да ги унапредат своите вештини, а за возврат ќе останат лојални на вашата компанија бидејќи инвестирала во нив.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...