8 часа работно време или remote што е подобро?

од 24HR

Колумна на Маја Симоновска-Директор за регулатива и човечки ресурси

Законот за работните односи, полното работно време го уредува во член 116 каде е наведено дека:

(1) Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно.

(2) Работната недела по правило трае пет работни дена.

(3) Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно.

Некои компании на кои работните задачи им дозволуваат флексибилност дозволуваат отстапување и овозможуваат поинакво регулирање на работното време, па на вработените им е дадено можност одредени денови да можат да ги извршуваат професионалните обврски од дома. Други во петок работното време да завршува порано, а некои имаат комплетна флексибилност во однос на тоа каде се завршуваат роковите се додека задачата е испратена во рокот.

Дилемата е секогаш дали ако обврската е завршена во зададениот рок, е навистина битно каде е завршена, дома, на работа, на некој аеродром попатно? Често дилемата е поставена во зависност од тоа во кој домен е вашата професионална кариeра, право, информатички технологии, производство, финансии, телекомуникации, медицина па истата се врзува со соодветни институции па така и се опредува кој до кога и колку може да работи.

Прашањето кое често се поставува кога се одлучува работното време е дали навистина оние работници кои физички се откуцуваат од 8 – 16 часот се навистина продуктивни 8 часа во денот. Тешко!?

Пред некој ден читав едно истражување за односот помеѓу работните часови и продуктивноста. Имено се вели дека осумчасовниот работен ден не се заснова на оптималниот број часови на кои човекот може да се концентрира. Всушност, тоа нема речиси никаква врска со видот на работа што повеќето луѓе ја работат сега: неговото потекло лежи во Индустриската револуција, а не во ерата на информации. Кон крајот на 18 век, работните денови од 10 до 16 часа биле нормални бидејќи фабриките „морале“ да работат 24/7. Кога станало јасно дека толку долгите денови се и брутални и неодржливи, лидерите како велшкиот активист Роберт Овен се залагале за пократки работни денови.

Сепак, ова осумчасовно движење не стана стандардно до скоро еден век подоцна, кога, во 1914 година, Ford Motor Company ги изненадил сите со намалувањето на дневните часови на осум, а истовремено двојно зголемување на платите. Резултатот? Зголемена продуктивност.

Во почетоците, осумчасовниот работен ден бил воведен како начин да се направи просечниот работен ден похуман. Поновите истражувања покажуваат дека за осумчасовен ден, просечниот работник е продуктивен само околу од прилика 3 ипол часа

Ова е особено добра вест за хонорарците и оние кои работат од дома. Лесно е да се каже дека тие што  работат од дома е како „да не работат““ доволно само затоа што не се во канцеларија. Прашајте ги само како се чувствуваат оние кои имаат дома по 2, 3 деца, дали е истата концентрација како кога се сами во канцеларија. Јас од лично искуство кажувам дека не е.

Често слушам дека нема рамноправност ако некој си оди порано и работи хибридно на сметка на институции чии вработени мора да се на работа, затоа што имаат „шалтерски позиции“ кои услужуваат граѓани, како што е дел од банкарскиот и осигурителниот сектор и слично.

Дали навистина ја прифаќаме оваа информација. Дури и ако не го намалиме работниот ден на три часа, што ако го намалиме на шест? Што ако нормата беше работен ден од 11 до 17 часот?

Придобивките од флексибилноста се големи:

  • Родителите можат да стигнат на сите настани на своите деца
  • Расположението кога ќе си дојдат дома е значително поголемо него кога работат од 8 до 16, кое всушност е време од 7 до 17 сметајќи го тука и патот наваму натаму.
  • Соработка со колеги и учество во тимови со колеги од други претставништва во други земји,
  • Учење на нови култури и знаменитости надвор од личното работно портфолио
  • Менталното здравје на секој човек да има време покрај сите работни и фамилијарни обврски да има 15 минути и за себе.

Работодавачите во Македонија треба да имаат во предвид дека работата од дома е придонес и за довербата и соработката, комуникацијата и дружбата, среќни тимови се продуктивни тимови, а со тоа и повредни работници. Луѓето би биле подобро одморени, по фокусирани и веројатно попродуктивни.

Единственото прашање, кое компаниите треба да си го постават е дали навистина „работата од дома“ го нарушува работниот ден?

За авторот:

Маја Симоновска

Директор за регулатива и човечки ресурси

Повеќе од 18 години искуство во корпоративно право и управување, инвестициите, индустријата за игри на среќа, човечки ресурси и  регулаторната реформа.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...