8 метрики за ефикасен процес на вработување

од 24HR

Значајноста на бројките во светот на стекнување таленти секојдневно се зголемува.

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат вработените во секторите за човечки ресурси е како да ги привлечат најдобрите кандидати и да го поедностават процесот на вработување.

Некои се фокусираат на користење на методи на регрутациски маркетинг за привлекување кандидати, додека пак други на проактивно пребарување на таленти. За трети главна цел стана способноста за мерење на методите и стратегиите во процесот на стекнување таленти.

И како и во секој друг сегмент на бизнисот, начините на кои луѓето се регрутираат и вработуваат станаа мерливи.

Значајноста на бројките во светот на стекнување таленти секојдневно се зголемува. Факт е дека секојдневно слушаме за „култура водена од податоци“ во сите сегменти на бизнисот и вработувањето.

Иако некои индустрии и сектори веќе некое време се „водени од податоци“, вообичаено е вработените во човечки ресурси сè уште да им веруваат на инстинктите кога станува збор за начинот на вработување кандидати. Сепак, популарноста на анализата на податоците се зголемува од ден на ден, а со тоа расте и вредноста на бројките во однос на интуицијата во светот на стекнување таленти.

Како што се посветува сè повеќе внимание на бројките, од луѓето во човечки ресурси се очекува да можат да ја мерат и покажат ефективноста на нивните стратегии за стекнување таленти во секое време. За да можат, многу луѓе со човечки ресурси избираат да користат современи алатки и метрики за оценување на нивната ефикасност.

Денес на 24HR ќе прочитате кои се 8-те најкористени индикатори за мерење на ефикасност во процесот на стекнување таленти.

Време за вработување

Времето потрошено за пополнување на отворена позиција е еден од најважните индикатори за вработување. Со оглед на тоа што оваа метрика има големо влијание врз кандидатското искуство, брендот на работодавачот и продуктивноста на регрутерите, повеќето луѓе од секторите за човечки ресурси го следат времето за пополнување на отворени позиции.

Број на апликации по отворена позиција

Бројот на кандидати за секоја отворена позиција ќе ви покаже колку сте атрактивни како работодавач на пазарот на трудот и колку добро се промовираат вашите огласи за работа.

Трошок за пополнување на работна позиција

Анализирајте го буџетот наменет за пополнување на работни места и проучете за кои позиции ви се потребни повеќе финансиски ресурси.

Однос апликант – посетител на огласите за работа

Дознајте колку се привлечни вашите отворени позиции следејќи го соодносот помеѓу бројот на кандидати кои аплицираат на вашите огласи и бројот на кандидати кои само прегледуваат.

Број на квалитетни кандидати

На многумина им е поважен квалитетот, отколку квантитетот кога станува збор за пополнување на работни места. Затоа е важно да следите колкав дел од вкупниот број на кандидати кои аплицираат се квалитетни и го претставуваат профилот на вравотен којшто вие го барате.

Број на вработени според извор

Откријте кој е изворот од каде што доаѓаат вашите кандидати и пренаменете го буџетот во таа насока. Инвестирајте повеќе време и ресурси во изворите кои ви носат најдобри резултати.

Стапка на откажување

Според истражувањата, нешто помалку од 90% од луѓето кои го започнуваат процесот на аплицирање, истиот го завршуваат. Анализирајте во кој дел од процесот на аплицирање се откажуваат најголем дел од кандидатите и обидете се да ја решите или отстраните оваа сопка. Колку е поголема оваа стапка, толку е полоша вашата форма за апликација.

Кандидатско искуство

Обезбедувањето на извонредно кандидатско искуство има директно влијание врз угледот на компанијата како работодавач, што е многу важно во процесот на привлекување таленти. Лошото искуство на кандидатите му штети на угледот и вработувањето на квалификувани луѓе.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...