Разликата која прави разлика

од 24HR

Колумна на Ана Салтирова Давидовски е социјален работник кој има магистрирано на менаџмент на човечки ресурси, со 15+ години искуство во развој на човечки ресурси, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој.

Една од клучните разлики која прави разлика е начинот како размислуваме за работите. Сите размислуваме, но колку нашето размислување не доближува до она што го посакуваме, колку ни е поддршка во живеење на успешен живот, независно дали станува збор на личен или деловен план.

Начинот на кој размислуваме за работите директно влијае на тоа како ќе гледаме на нив, која акција ќе ја преземеме и како ќе гледаме на резултатот од истата. Разгледајте ги исказите подолу, некои од нив водат кон успех?

               Дали?

  1. Никогаш нема да го направам тоа како што треба.
  2. Никој не ме сака.
  3. Сè што ќе почнам, сè излегува наопаку.

Или?

  1. Кои работи веќе ги направив, а мислев дека нема никогаш да успеам да ги направам?
  2. Со кого добро соработувам?
  3. Што е она што оди добро во мојот работа?

Клучен ден од процесот на размислување се случува преку прашањата. Со поставување на поинакви прашања добиваме и поинакви одговори. Преку прашањата ние свесно го избираме фокусот, кој е како рефлектор со кој свесно ја избираме насоката. Нашиот мозок исто како и социјалните медиуми има алгоритам кој ние го дефинираме со нашиот фокус. Дали фокусот е на #КакоМоже или на зошто не може? Од друга страна добри прашања се оние за кои немаме веднаш одговор туку не наведуваат на размислување, ова е огромна сила или поточно огромна потенцијалната сила. Можеби новото време не бара да работиме понапорно туку да размислуваме поинаку па да работиме помудро. Оние кои што имаат подобри резултати не секогаш работат понапорно туку можеби „понапорно“ размислувале за работите па согледале, подобар начин, пократок пат, поинаков… Ние луѓето можеме да размислуваме за сопственото размислување, да не се откажеме од тој дар и да ги преиспитаме сопствените одговори, во динамични времиња тоа не е луксуз туку потреба.

Сите ние си зборуваме сами со себе. Начинот на кој што си зборуваме, начинот на кој што се охрабруваме или обесхрабруваме има големо влијание на квалитетот на нашиот живот. Луѓето кои што се среќни, здрави и задоволни се оние луѓе кои позитивно зборуваат сами пред себе за себе. Ако направиме анализа во најголемиот број на случаи за работите за кои што негативно сме си зборуваме сами на себе и сме предвидувале црни сценарија, не ни биле поткрепени со некаков реален доказ за сигурен негативниот исход.

Она по кое што се разликуваат успешните и помалку успешните луѓе според НЛП (неуролингвистичко програмирање) е начинот на кој што размислуваат, на што ја фокусираат својата енергија. Исто како што и истражувањата посочуваат дека ~80% од луѓето знаат што е потребно да се направи за да се постигне посакуваното, но дека само ~20% се спремни да направат напор да го постигнат тоа.

Сите ние имаме избор, според кој и ги добиваме резултатите. Дали како HR професионалци можеме да ставиме некој KPI/OKR на оваа тема или можеме да почнеме и понежно, само со подигање на свесност и водење со пример.

За крај препорака за книги кои мене ми направија бранување во размислувањето, двете се изданија на Антолог – Размислете уште еднаш: Моќта на знаењето за сопственото незнаење од Адам Грант и Во пречката е патот: Безвремената уметност на претворање тешкотии во триумфи од Рајан Холидеј. Кои се вашите препораки за книги/автори кои ви го разбранувале вашето размислувањето.

За авторот:

Ана Салтирова Давидовски е социјален работник кој има магистрирано на менаџмент на човечки ресурси, со 15+ години искуство во развој на човечки ресурси, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој, Автор, исто така ја покрена и кампањата @ЛиченИЗБОР која што има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода во која креира материјали за личен развој како и материјали за родители/деца. Таа е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, една од иницијаторите за формирање на огранокот за коучинг при Македонската асоцијација за човечки ресурси и активна е на повеќе проекти за развој на човечките ресурси во Македонија и промоција на професијата. LinkedIN https://www.linkedin.com/in/ana-saltirova-davidovski/ Instagram @ana.saltirova.davidovski Facebook @licenizbor Слободни материјали: https://linktr.ee/licenizbor

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...