Како да се остане човек во дигиталната ера

од 24HR

Колумна на М-р. Зорица Николова-Менаџер за човечки ресурси, психолог, психотерапевт

Фабингот е давање приоритет на телефонот пред вклучување и градење социјални односи. Терминот е кованица од зборовите телефон и игнорирање и преставува своевидна социјална навреда со фокусирање и давање приоритет на телефонот наместо на луѓето со кои сте.

Фабингот – можеби не е дел од вашиот секојдневен речник, но сигурно е дел од вашиот секојдневен живот. Само размислете колку често разговорот престанува затоа што вашите пријатели или вие го извадивте телефон и пропаднавте во црна дупка на познатите социјални платформи, инстаграм, тик ток, фацебоок.

Овој феномен може да изгледа како релативно безопасен, и е дел од модерниот живот, но истражувањата откриваат дека со сигурност може да им наштети на вашите односи. Иронијата е во тоа што фабингот има за цел да ве поврзе, веројатно, со некого преку социјалните мрежи, но всушност може сериозно да ги наруши вашите моментални лични односи.

Тој прави да се чувствувате помалку поврзани бидејки ги прави помалку значајни, разговорите кои се одвиваат лице-в-лице.

Докажано е и дека самото присуство на мобилен телефон за време на разговор – дури и ако никој не го користи – е доволно за луѓето да се чувствуваат помалку значајни.

Сигурно се прашувате зошто луѓето им даваат приоротет на своите телефони кога се надвор со пријатели или романтичен партнер?

Нашиот мозок знае дека телефонот е бесконечен извор на информации, овозможувајки ви да испраќате пораки,  маилови, да добивате информации за најновите вести и спорт, нотификации за вашите пријатели, фотографии, видеа, игри, рецепти, што ли не, и се на дофат на вашите прсти. Се што треба да  направите е да погледнете во телефонот.

Ако ја разгледаме идејата дека телефонот  овозможува задоволување на досадата, преку која се задоволуваат две големи човекови битки  осаменоста и стравот од пропуштање, многу е  логично зошто  фабингот е толку примамливо однесување.

Вистинскиот проблем настанува кога  телефонот е многу попривлечен  од нашиот романтичен партнер или нашата фамилија. Тогаш нашата и добро состојбата на нашите блиски страда.

Ако нашиот животен партнер е на телефон, тоа значи дека тој дава приоритет на нешто друго пред вас во тие моменти на заедништво, а тоа боли, правејќи не психички поранливи.

Ова јасно ни посочува дека фабингот може да му наштети на нашето ментално здравје.

Знаејки дека фабингот ги загрозува четирите „фундаментални потреби“ – припадноста, самопочитта, значењето на нашето постоење и контролата – и со тоа што не прави да се чувствуваме исклучени и исфрлени, не е ни чудно што  модерното живеење корелира со зголемени бројки на депресивна и анксиозна симптоматологија.

Важно е да напоменеме дека фабингот особено влијае негативно на односот родител – дете. Бидејки децата учат по пример, моделирано однесување, тие од најрана возраст учат да го моделираат ова негативно однесување, а во исто време и учат дека во телефонот има значајни работи и со тоа нивниот свет се повеќе се пренесува во телефонот.

Како да негуваме значајни човечки односи?

Непотребно е да потенцирам колку губиме од значајните  моменти, кои навистина го сочинуваат она што го нарекуваме човечки живот. Навистина е страшно колку многу пропуштаме со гледање надолу во екранот.

Но, можеме да престанеме со вакви негативни однесувања доколку внесеме поголема индивидуална свесност, која ќе влијае и на свесноста на партнерските и семејните релации.

Соодветна дигиталната култура која е однос помегу луѓето  и користењето на технологијата би ни овозможила поставување приоритети за квалитетно семејно и професионално  живеење.

Оставањето на телефонот додека вечерате, или сте на состанок, или пак ден без технологија е одличен начин  тоа да го постигнете.

За авторот:

М-р. Зорица Николова-Менаџер за човечки ресурси, психолог, психотерапевт

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...