Што всушност значи психолошка безбедност на работно место?

од 24HR

Колумна на М-р. Зорица Николова-Менаџер за човечки ресурси, психолог, психотерапевт

Сетете се кога сте биле најпродуктивни, креативни или иновативни? Сетете се и на времето кога  навистина сте се гордееле на вашите постигнувања и нивото на самоактуелизација било високо. Сетете се и на средината во која работевте. Можеби тоа е вашата моментална работа особено ако имате предизвикувачка работа и поддржувачки и ангажирани колеги.

Според познатата хиерархија на Маслов, на луѓето им треба минимален број од нивните потреби задоволени за да преживеат, да придонесат за заедницата и да постигнат самоактуелизација. Сега, социјалните научници веруваат дека психолошката безбедност е една од овие основни потреби, која е предуслов за луѓето да бидат најдобри во сите аспекти од животот, вклучувајќи го домот и работата.

Tука ќе посветиме внимание на тоа што точно е психолошка безбедност на работното место? Зошто е важно? И како лидер, што можете да направите за да бидете сигурни дека вашиот тим го чувствува тоа?

Психолошка безбедност е збор кој и покрај тоа што е измислен во доцните деведесeти години, постигнува статус на звучен збор во последниве години. И додека често се користи како стенографија за „здрава работна култура“, вистинското значење на психолошката безбедност е малку попрецизно – клучен аспект на добрата тимска култура и тајната за здрави тимови со високи перформанси.

Реално, секој тимски лидер ја посакува психолошката безбедност кoja e топ фактор за успешен тим, но многумина сè уште не разбираат што е тоа – а камоли како да го негуваат.

Психолошка безбедност е отсуството на интерперсонален страв, кое им овозможува на луѓето да го покажат најдоброто од себе дома и на работа.

Психолошка безбедност на работното место значи дека вработените се чувствуваат доволно сигурно да превземат интерперсонален  ризик, се чувствуваат удобно да бидат автентични, да споделуват  смели идеи, неуспех или правење грешки, поставување прашања, барање помош или изразување мислења и грижи, без притоа да чувствуваат страв од осуда, критика и понижување или реперкусии од нивните лидери или колеги. 

Накратко, наместо да ги буткаат своите предлози и недостатоци под тепих, вработените се чувствуваат овластени да бидат луѓе на работа. Тие имаат доверба дека нивниот менаџер и членовите на тимот ќе ги поддржат, без разлика на исходот. Ова на крајот дава поцврста, динамична, иновативна и инклузивна организациска култура.

Антипод на психолошката безбедност е молкот, односно култура во која вработените избегнуваат да го кажуваат своето мислење, да даваат предлози или да акцентираат некоја неправилност или нефункционалност во системот. Обично постои во организации со низок степен на асертивна комуникација меѓу членовите. Кога вработените не се целосно посветени на заедничкиот организациски успех, идеите не се тестираат на стрес, процесите не се оптимизирани, решенијата не се проверуваат и претпријатието ја изгубило можноста да го искористи придонесот на целиот свој талент.  

Тоа што е особено важно за истакнување е дека без чувство на припадност, нема чувство на психoлошка безбедност. Како во една компанија да се креира психолошки безбедна средина во која вработените ќе имаат чувство на припадност? Пред се, вработените мора да се чувствуваат прифатено пред да се најдат во состојба да придонесуваат и да ја унапредуваат својата организација. Во реалноста, може да биде незгодно да се негува и одржува – но тоа што помага пред да се дојде во состојба да вработените дојдат во состојба на слобода  и  да го реализираат својот потенцијал  треба да поминат низ четирите фактори на психолошка безбедност, создадени од д-р Тимоти Р. Кларк, односно да се чувствуваат безбедно да се автентични, да учат и растат, да се безбедни да прават значен придонес и промени. Оваа низа ја одразува „природната прогресија на човековите потреби во општествените услови“, затоа што тешко е да се чувствувате безбедно да ги менувате нормите ако на прво место не се чувствувате вклучени како дел од тимот.

Како да создавате психолошка безбедност?

Би истакнала дека тоа е повеќе магија отколку наука  и важно е лидерите да запомнат дека ова е клима што ја создаваме заедно, понекогаш на мистериозни начини.

Секој кој работел со тим во кој владее тишина и неможност да се изјасни, знае колку е тешко да се смени тоа. Голем дел од она што е вклучено во создавањето на психолошки безбедна средина се добри практики за управување – работи како воспоставување јасни норми и очекувања за да постои чувство на предвидливост и правичност, поттикнување на отворена комуникација и активно слушање на вработените, осигурувајќи се дека членовите на тимот се чувствуваат навистина поддржани и ценети кога зборуваат.

Да не заборавиме дека психолошката безбедност е процес. Спроведувањето на горенаведените совети во пракса ќе почне да ја менува ситуацијата во вашиот тим, но запомнете дека еднократниот напор нема да ги промени нормите и мисловните процеси на вашиот тим преку ноќ. Психолошката безбедност бара време. На крајот на краиштата, тоа е континуиран и постојан напор што ќе ја трансформира психолошката безбедност во основна компонента на вашата работна култура.

За авторот:

М-р. Зорица Николова

Менаџер за човечки ресурси, психолог, психотерапевт

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...