Негување на благосостојбата и на менталното здравје на работното место

од 24HR

Колумна на Ирена Јакшовска, вработена во компанијата Olive Jobs како HR & Operations.

Како професионалци во областа на човечките ресурси (HR), секојдневно се соочуваме со важноста на благосостојбата и на унапредувањето на менталното здравје на нашите вработени. Денес, кога работата и личниот живот сè повеќе се поклопуваат, грижата за вработените не е само одговорност – таа е и нужна, не само во контекст на добробитта, туку и како нераскинлива алка во постигнувањето на долгорочниот успех на компанијата.

Постојат многу начини со коишто можеме да направиме разлика, и важно е да ги имплементираме за да создадеме здрава и продуктивна работна средина.

1. Балансирање помеѓу работата и приватниот живот

Сите имаме потреба од баланс помеѓу личниот и професионалниот живот, и тоа не е само пожелно, туку е и неопходно за одржување на добросостојбата на вработените. Како HR професионалци, нашата задача е да создадеме услови кои ќе им помогнат на вработените да го постигнат тој баланс. Флексибилното работно време, можноста за работа од дома и поттикнувањето за користење на редовен одмор не само што помагаат да се избегне преоптовареноста, туку и создаваат здрава работна средина каде што вработените можат да останат ангажирани и попродуктивни.

2. Унапредување на менталното здравје

Менталното здравје не смее да се игнорира. Вработените треба да имаат пристап до ресурси кои ќе им помогнат да се справат со стресот и со другите предизвици. Програмите за помош на вработените, консултациите и обуките за стрес-менаџмент се само некои од начините со коишто можеме да влијаеме врз унапредувањето на менталното здравје. Важно е да создадеме средина каде што вработените се чувствуваат комфорно да разговараат за своите проблеми без страв од осуда.

3. Обучување на менаџерите за препознавање на стресот и преоптоваареноста

Менаџерите играат клучна улога во создавањето на здрава и удобна работна средина. Тие треба да бидат обучени да ги препознаат знаците на стрес и на оптовареност кај вработените во своите тимови. Кога менаџерите знаат како да реагираат грижливо и внимателно, тие можат значително да придонесат во спречувањето и решавањето на проблемите.

4. Охрабрување на земање на редовни паузи и одмор

Прекумерното работење не само што влијае врз продуктивноста, туку влијае и врз менталното здравје. Како HR професионалци, наша е улогата да ги поттикнеме вработените да го користат својот одмор и да земаат редовни паузи. Организирањето на денови без состаноци или понудата на активности како што е медитацијата, може да помогне во создавањето на здрава и продуктивна работна средина.

5. Градење култура на поддршка

Добросостојбата на вработените треба да е дел од самата култура на компанијата. Како HR професионалци, нашата улога е да ја промовираме идејата дека грижата за вработените е одговорност на сите, а не само на HR одделот. Без разлика дали се работи за флексибилност во работата, воведување на обуки за менталното здравје, или едноставно, поставување на прашањето – „Како сте?“, сè што правиме е чекор напред во градењето на култура на поддршка и грижа кон вработените. Кога вработените се чувствуваат поддржани, нивната продуктивност, морал и лојалност значително се подобруваат. Како HR професионалци, имаме уникатна можност да ја обликуваме и поддржиме оваа култура, што на крајот, не само што е добро за вработените, туку е добро и за самата компанија.

За авторот:

Ирена Јакшовска, вработена сум во компанијата Olive Jobs како HR & Operations.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...