ПЛАТА

од 24HR

Колумна на Билјана Чкламовска -Freelancer консултант за корпоративно право и човечки ресурси

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди соодветно плаќање – плата за вршење на работите, а платата мора секогаш да биде во парична форма.
Платата се одредува согласно закон, колективен договор или договор за вработување.
Со закон е определена само платата на државните службеници.

      Доколку во компанијата нема синдикално здружување, што значи дека нема колективен договор на ниво на работодавач, тогаш платата мора да биде договорена со Договорот за вработување и работникот, во текот на процесот на вработување, сам преговара со работодавачот за висината на свoјата плата.

       Платата може да се исплаќа неделно, на две недели или месечно но не смее периодот на исплата да биде подолг од еден месец, и мора да биде исплатена најдоцна до 15-тиот ден од следниот месец. преку банка на личната трансакциска сметка на работникот.

     Важно е да знаете дека со воведувањето на концептот на бруто плата, даночен обврзник за плаќање на задолжителните придонеси од плата согласно закон е работникот, а работодавачот е должен да ги пресметува и уплатува во име и за сметка на работникот. Исплата на  плата во кеш не е дозволено со закон,, така што доколку работникот се согласува дел од плата да зема во плик, или да работи непријавен и да ја зема целата плата на рака, тој ќе се смета како соучесник во прикривање на данокот од доход, односно на задолжителните придонеси.

    Работодавачот има законска обврска, секој месец да му доставува на работникот исплатно ливче за претходниот месец, во кое треба јасно да бидат изразени: изработените часови, висината на основната плата, наградата за работна успешност или парична казна(ако има таква), и додатоците, за работникот да знае точно што и колку му е исплатено и да може навремено да реагира ако нешто не му е исплатено согласно  ПЛАТАТА, согласно нашиот Закон за работни односи, се состои од три дела:
1. Основна плата;

2. Плата за работна успешност и

3. Додатоци на плата

           Основната плата се определува врз основа на барањата на работното место : стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на работното место) за кое е склучен договорот помеѓу работникот и работодавачот.

        Ниеден работник во државава, кој работи на полно работно време, не смее да добие пониска плата од минималната плата во државата определена со закон и колективен договор.

      Делот од плата за работната успешност популарно наречен бонус или награда, е варијабилен и се определува земајќи ги предвид ажурноста, точноста, квалитетот и обемот на вршењето на работата., со што се дава можност работниците кои работат поквалитетно, повеќе и попосветено, да бидат соодветно наградени. И овој дел од платата не смее да се исплатува на рака..

      Висината на додатоците на плата е утврдена со Општиот колективен договор, а додатоците се исплатуваат само за посебни услови при работата, при што Основната плата на работникот се зголемува по час за:

– прекувремена рабota……………………………………………35%

– работа ноќе (од 22-06 часот)………………………………….35%
– работа во три смени …………………………………………….5%
– работа во ден на неделен одмор. или на празник…….50% и

         Додатокот за минат труд што мора задолжително да се пресметува на целиот работен стаж на работникот, а не само на стажот кај работодавачот каде што тековно тој работи, и тоа во висина од 0.5% за секоја година работен стаж.

                    Додатоците на платата, меѓусебно не се исклучуваат.

За авторот:

Колумна на Билјана Чкламовска Freelancer консултант за корпоративно право и човечки ресурси. Предавач на Академија за човечки ресурси во Семос Едукација, на модулот: ‘Правни аспекти на човечките ресурси”. Тренер на тренери за мобинг. Лиценциран арбитер и помирува во работни спорови и Претседател на Асоцијацијата на арбитри и помирувачи  во работни спорови во РМ.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...