Во последниве неколку години, културата на работа не се менуваше само со воведувањето на хибридни модели, туку и со начинот на кој вработените очекуваат да бидат вреднувани. Сè повеќе се поставува прашањето: што значи признание денес?
Стандардните награди веќе не инспирираат
Пофалби на месечни состаноци, пригодни честитки за празници, симболични подароци – иако намерите зад нив се искрени, во пракса тие често не оставаат значаен впечаток. Причината е едноставна: тие се униформни, а очекувањата на луѓето сè повеќе се индивидуализирани.
Замислете: HR тимот во една компанија, по завршување на празничната сезона, прави интерна анкета за искуството со годишните признанија. Намерата била добра – да се покаже благодарност, да се испрати симболичен подарок, да се задржи позитивна енергија. Но одговорите откриваат нешто друго.
„Ја добив новогодишната корпичка – убава, ама не најдов ништо за мене. Ми се виде како формалност.“
„Добив ваучер за продавница што не постои во мојот град. Се заблагодарив, ама реално – не можам да го искористам.“
„Секоја година истата чоколада. А имам алергија на лешници. Изгледа никој не се сеќава дека тоа го кажав уште на onboarding.“
Тимот што го испланирал гестот се соочува со реалноста: наместо чувство на признание, кај дел од вработените се јавува перцепција на шаблон, па дури и несоодветност. Намерата била грижа, но резултатот личи на автоматизирана задача – нешто што се прави затоа што „така треба“, не затоа што „навистина сакаме“.
Ова не се ретки примери. Напротив – тие откриваат суштински предизвик за секоја организација што сака да изгради култура на внимание и вреднување: ако гестот не е прилагоден, ефектот може да биде спротивен од посакуваниот.
Станува јасно дека пристапот „еден подарок за сите“ губи смисла во време кога луѓето очекуваат да бидат препознаени како поединци.
Признанието денес бара повеќе интуиција, помалку шаблони
Модерниот HR сектор се соочува со нов предизвик: како да го направиме искуството на вработените поперсонализирано, без да ја жртвуваме ефикасноста и структурираните процеси?
Одговорот не секогаш се крие во буџетот, туку во алатките. Она што сè повеќе HR професионалци го препознаваат е вредноста на флексибилните решенија – награди кои им дозволуваат на вработените сами да изберат што за нив значи „признание“.
Малку автономија, голем ефект
Неколку домашни компании веќе имплементираат алатки кои го овозможуваат токму тоа – испраќање дигитални линкови преку кои вработените можат сами да си изберат подарок од поширок каталог. Не мора да се одлучува дали некој преферира книги, кино или апликации – изборот го прави примачот.
Овој модел не само што го решава проблемот со „погоденост“, туку и ја пренесува пораката: „Го цениме твојот избор.“
Таков пристап нуди и Giftlink од giftcards.mk, решение кое овозможува испраќање на персонализирани линкови за избор на дигитални подароци, приспособени на брендот и комуникацијата на организацијата.

Кога вниманието станува стратегија
Во време кога ангажираноста, задоволството и задржувањето на кадарот стануваат критични метрики, важно е HR тимовите да погледнат надвор од традиционалните решенија. Не секогаш е потребна голема трансформација – понекогаш доволно е само да се понуди вистински избор.
Персонализираното признание не мора да биде скапо или комплицирано. Може да биде едноставно, дигитално и прилагодено – но со вистински ефект. Таквите мали, паметни гестови се оние што најчесто се паметат, раскажуваат и го градат она чувство на припадност кое не можете да го постигнете со униформирани бенефити.
За организациите што сакаат да градат култура на грижа, а не само на контрола, вреднувањето на индивидуалноста на секој член од тимот веќе не е луксуз – туку неопходност.
Ако размислувате како да направите чекор напред во вашиот пристап кон наградување, овде можете да разгледате еден таков флексибилен модел кој веќе го применуваат организации што сакаат нивното „фала ти“ да значи повеќе.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.