Не постои моќен HR бренд без ефективно управување со личниот бренд

од 24HR

Колумна на Сашка Тодоровска – HR Бизнис Партнер во Infinity Energy and ITSS.

Кој е Вашиот бренд како HR практичар? Како сакате да Ве препознаваат Вас и Вашата компанија? Дали можете јасно и на убедлив начин да артикулирате што е уникатно во Вашата организација?

Сите дистрибуираме некакви вредности, сите имаме нешто што не прави извонредни и различни од другите, и лично и професионално.

Како би се поврзале со другите ако пред сè немаме интимна врска со себе? Дали сме свесни дека со таа наша автентичност природно влијаеме на одлуките на другите?

Целта е да ја интегрираме нашата препознатливост во силна HR бренд стратегија.

Поаѓаме од персонален бренд затоа што е процес што води до суштината до тоа што навистина сме. Градењето на личен бренд е фокус и усогласување, поврзување и истакнување на животната цел и е наша одговорност а работата и професионалната ангажираност ја бара нашата подготвеност и автентичност за да придонесеме во бизнисот. Размислете која е Вашата лична перцепција за себе, своите улоги, бренд и начин на размислување.

Дали сте застапник на вработените или повеќе тежите кон “HR за организацијата”? Кога се соочувате со проблеми, која перспектива ја заземате? Вработени или организација?

Дали реално можеме да заземеме иста страна?

Исклучително важен е начинот на кој размислувате. Јас си одговорив себеси и одговорот ќе го споделам тука но пред тоа би сакала да се фокусираме на стратегиите за брендирање на нашата HR професија.

Многу компании денес ја научија важноста на брендирањето на компанијата и како тоа може да влијае на нивните моментални клиенти и привлекување нови клиенти во нивниот бизнис. За жал, многу често фокусот во целост го ставаат на брендирање на компанијата со цел привлекување на клиенти и не успеваат да ја видат динамичната улога што може да ја има брендирањето на човечките ресурси во задржување на квалитетен кадар.

HR Branding

Целокупниот имиџ, вредностите на организацијата и начинот на кој ние, вработените и идните потенцијални вработени гледаме на организацијата како работодавач.

Многу често се случува административните барања и барањата за усогласеност со нашата улога да се вивнат во предност пред онаа вистинската наша улога а тоа е да дадеме вредност на суштината на организацијата. Силна и позитивна стратегија за брендирање на човечки ресурси е добра основа за привлекување и на најдобрите кандидати и градење на исклучително квалитетен “talent pool”.

Од друга страна, непостоење на стратегија или лошо управувана стратегија за брендирање на човечки ресурси може да влијае и на редуциран број на апликации во организацијата а дополнително и мотив за моменталните вработени да истражат нови работни средини.

Креирај силна HR бренд стратегија

*Follow 4 steps and let the employees be your BRAND AMBASADORS*

  1. Research Како конкурентите го прават тоа? Кои алатки ги користат, кои медиуми и која порака ја испраќаат на потенцијалните кандидати?
  2. Assessment – Како вработените се чувствуваат, каква е работната атмосфера и зошто работат токму во вашата организација?
  3. Developing – Развиј нов сет на вредности и промовирај ги на работното место.
  4. Implementing – Интегрирање на стратегијата за човечки ресурси и во процесот на вработување.

Да се вратиме на нас, на себе…Како би одговориле на прашањето „Кој си ти“ и „За што си одговорен на твоето работно место“?

Фокусирајте се на резултатите што ги давате и одговорете.

На пример, ако работам на позиција „Регрутер“ би можела да одговорам на следен начин:

Јас сум: Регрутер.

Одговорен сум: Да ја пронајдам вистинската личност за одредена улога во мојата организација.

Работам: На пополнување на испразнети работни места преку истражување на потенцијални контакти. Интервјуирам кандидати и градам мрежа на таленти од највисоко ниво во мојата индустрија.

Потоа, можете да одите уште подлабоко, да ги додадете сите свои улоги и одговорности. Профилот кој ќе го добиете е Вашата слика за себе. Вие сте БРЕНД Амбасадор на организацијата за која работите.

Јас и моите улоги:

  • Како HR Бизнис Партнер

Имам задача : да ги рационализирам HR функциите

Преку: следење на метрики за човечки ресурси и обезбедување на прописи за усогласеност

Со цел: да го подобриме задржувањето на вработените и да обезбедиме нивна благосостојба

  • Јас сум : Кариерен советник

Кој помага: на клиенти да ги идентификуваат личните цели и да ги испланираат кариерните чекори

Со примена на: Техники за пронаоѓање нови можности за вработување, професионална ориентација, обезбедување информации за биографиии или мотивациони писма и стратегија за успешно интервју за работа

Пристап: Персонализиран со широк спектар на отворени прашања

Така што: самиот клиент ќе дојде до одговор за свои професионални можности

  • Поседувам : Исполнувачка животна улога на мајка

Со задача: Балансирање помеѓу работата и домот

Преку: Приоритизирање

И чекори за : Квалитет пред квантитет

Земи шолја кафе, нотес и некоја минута за себе. Одговори на предлог прашањата ( по желба сподели и со нас во коментар на овој пост) и погледни во сликата за себе. Стави си приоритети каде сакаш да се подобриш, одреди период, уживај во процесот на исполнување and “Shine in your HR brand”!

За авторот:

Сашка Тодоровска е магистер по менаџмент на човечки ресурси и HR Визнис Партнер во Infinity Energy and ITSS. Ориентирана е кон нагласување на потребата за личен и професионален развој. Активно учествува на конференции и е автор на повеќе статии од областа на човечки ресурси. Во професионалната позадина се надоградува со дополнителна алатка за кариерно советување, сертифицирана по Меѓународната програма за кариерни советници (GCDF – Global Career Development Facilitator). Во своето професионално искуство цели кон поврзување на приоритетите и предизвиците на една организација со интерес за кариерно планирање и развој во корпоративниот свет.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...