АСИСТЕНТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

од 24HR

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од одговорно, посветено лице на работно место:

АСИСТЕНТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Дали сакате да изградите кариера во областа на Човечките ресурси? Дали сакате да работите во мултикултурна средина каде ќе давате поддршка, совети и помош на вработените? Дали сте вешти во приоретизирање на задачите и во работа со кратки рокови, а притоа да останете смирени и фокусирани? Ако сте подготвени да се впуштите во еден возбудлив предизвик и да ја унапредите вашата кариера, сакаме да бидете дел од нашиот тим.

Ние во Македонски Телеком веруваме дека нашите луѓе се нашата најголема вредност и ние не само што вработуваме, туку преку нашите луѓе и ја градиме нашата култура. Како Асистент за администрација на ЧР, вие ќе имате улога на поддршка на оперативните активности за ЧР. Ќе се грижите сите податоци и документи во системот за ЧР да бидат точно обработени.

Квалификации

  • Правен факултет, Бизнис администрација, , ЧР или поврзана област.
  • Административни вештини и одговорност при внесување и работа со податоци, како и одлична способност за забележување на детали.
  • Развиени организациски и комуникациски вештини (вербална и писмена комуникација) , со способност за ефективна интеракција со поединци и групи на сите нивоа во компанијата.
  • Способност за работа со кратки рокови и соодветно приоритизирање на задачите.
  • Високо развиен тимски дух и самоиницијативност.
  • Напредно користење на MS Office и електронски алатки за човечки ресурси;
  • Способност да се развивате во брзо, динамично опкружување.
  • Способност за креативно и иновативно размислување;

Одговорности

  • Администрација за ЧР: оперативни и административни задачи, вклучувајќи подготовка на документација за вработените од издавање договори, обработка на документи за лица кои си заминуваат од компанијата, имплементирање на промени во работниот циклус на вработените,подготовка на извештаи, спроведување на политики за ЧР. Ќе учествувате во управување со податоците за вработените преку системите за евиденцијата за ЧР, воедно осигувајќи почитување на регулативите за усогласеност. Одговарање на прашањата на вработените за сите аспекти од административната поддршка за ЧР.
  • Закон за работни односи и останата легислатива од трудова област: одлично познавање на законот за работни односи е задолжително за оваа позиција. Треба да ги применувате неговите одредби во сите релевантни документи и политики.
  • Доверливост: Да го одржувате интегритетот и доверливоста на датотеките и евиденцијата за човечки ресурси.

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Отвореност и подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Иновативност

———————————————————————————————————————————————————————————————–

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Ако сте подготвени да ја подигнете вашата кариера на следното ниво и да бидете дел од компанија која ги цени своите луѓе, пријавете се.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на нашата организација преку стекнување таленти. Вашите вештини и посветеност ќе направат разлика!

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  – Асистент за администрација на човечки ресурси (HR Administration Assistant).

Огласот ќе биде објавен на ден 03.10.2023 година и ќе трае до 13.10.2023  година.

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...