Дали некому му е гајле?: Важноста на емпатијата во лидерството

од 24HR

Колумна на м-р Варвара Стојановска Чукиќ,д-р Калина Сотироска Иваноска,м-р Маја Симоновска-Секцијата за индустриска/организациска психологија која е во рамките на Комората на психолози на Македонија

Помагањето на другите во остварување на нивната визија е невозможно без емпатија. Градењето добри релации со вработените е карактеристика на емпатски лидер. Поврзувањето меѓу лидерот и вработените, како и чувството на заедништво има бројни корисности за компанијата. Истражувањата покажуваат дека постои поврзаност помеѓу емпатско лидерство и зголемена доверба и мотивација кај вработените, што укажува на јакнење на релација лидер-вработен и намалување на грешки и недостатоци во работењето на компанијата.

Поврзувањето со емпатија, помага да се разберат другите , што ги мотивира и зошто? Лидерството не се однесува на решавање проблеми на другите. Лидерството значи охрабрување, помагање на другите во наоѓање сопствени решенија за своите проблеми. Лидерството е насочено кон менторирање на другиот да го најде својот пат, кој е уникатен и единствен.

Емпатијата и ефективното лидерство се тема на бројни истражувања во последниве две декади. Резултатите ја покажуваат значајната улога на емпатијата во ефективното лидерство. Имено, преку емпатската способност на препознавање и свесност за емоциите кај другите, можат да донесат соодветни навремени одлуки како и да вршат критични лидерски активности.

Емпатијата се дефинира како вeштина на препознавање на емоциите кај другите, подлабоко од надворешното однесување, ставајќи се на нивно место и активно ангажирајќи се во разбирање на грижите на другиот, без осуда и нудење поддршка.

Работа на лидерот е креирање сигурна работна средина каде вработените чувствуваат дека нивната добросостојба е главен приоритет. Кога лидерскиот тим е емпатски, тие ги ставаат потребите на тимот на прво место. Недостаток на емпатија на работно место носи до слаба продуктивност, желба за промена на работното место, проследено со нарушено физичко и ментално здравје.

За да се биде ефективен активен слушател потребно е да се покаже искрена почит кон потенцијално вреднување на личноста,  зимање  во обзир на видувањата на другата страна  и верување во неговата способност за себе-управување.

Кога се слуша другиот сензитивно и со насоченост на внимание, тоа создава тенденција кон себе слушање со повеќе грижа и јаснотија за точните чувства и размислувања. Тоа доведува до помалку аргументирање, поголема спремност за инкорпорирање на другите погледи.

Креирањето на услов за ефективна комуникација е чувството на сигурност. Доколку се перцепцира опасност, ефективната комуникација ќе биде оневозможена. Тоа значи креирање на клима која е ниту критичка, ниту морализира, ниту евалуира.

  • Иновативност: Способноста за активно слушање, служење на следбениците и свесност за интерперсоналните релации во тимот се емпатски особености на ефективно лидерство, кои креираат атмосфера на сигурно место и соработка, во кое може да се споделуваат нови идеи и перспективи.
  • Мотивација: Способноста да инспирира и мотивира, бара сензитивност на емоционалните потреби на другите, а тоа го подобрува однесувањето и емоционалната состојба кај вработените.
  • Ефективна работна средина: Актуелизирање на емпатијата во својот целосен потенцијал е  основна  лидерска вештина, која придонесува до позадоволителна  и попродуктивна работна атмосфера. Разбирањето на чувствата, предизвиците и потешкотиите низ кои минуваат  вработените во компанијата , од страна на лидерот и неговото/нејзиното ангажирање во нивно надминување, последично доведува до поголема посветеност на вработените  и ангажираност во перформансите.
  • Атмосфера на слобода во изразувањето: разбирање, прифаќање и топлина, создаваат сигурна работна средина, каде личноста може  да инкорпорира ново искуство и нови вредности во сликата за себе. Лидерите со емпатско однесување активно слушаат, а тоа значи слушање со разбирање на емоцијата позади зборовите, без прекинување, покажување искрен интерес за кажаното.
  • Инклузивност: Емпатските лидери креираат инклузивна и поддржувачка работна средина каде вработените чувствуваат сигурност во себеизразување на асертивен начин без страв и осуда.Им приоѓаат на ситуациите со валидирање и прифаќање на емоциите на другите, разбирајќи го предизвикот низ кој минуваат, притоа истовремено следејќи ги сопствените емоционални доживувања и менаџирање на истите. 
  • Водство со интегритет: Емпатичните лидери водат со пример и ги поддржуваат етичките стандарди во нивното одлучување. Тие го земаат предвид влијанието на нивните постапки врз другите и даваат приоритет на благосостојбата на нивниот тим и засегнатите страни.

Следствено на горекажаното, не значи дека лидерите треба да бидат експерти за менталното здравје, туку лидерите кои покажуваат емпатија создаваат силни врски, поттикнуваат соработка и го инспирираат својот тим да постигне колективен успех. Во следната прилика жртвувајте го разговорот со прашањето „Како сте?“ и бидете подготвени навистина да го слушнете одговорот.

Авторите се членови на секцијата за Индустриска/организациска психологија која е дел од Комората на психолози на Македонија. Секцијата има за цел да ја популаризира работата на индустриско-организациските психолози, да овозможи нивно вмрежување и да ја зголеми свесноста за значењето, важноста и придобивките на индустриската/организациска психологија како кај психолозите така и кај организациите.

 

м-р Варвара Стојановска Чукиќ

психотерапевт, корпоративен коуч 

тренер за лидерство 

д-р Калина Сотироска Иваноска

Вонреден професор

Институт за психологија, Филозофски факултет во Скопје

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје  

м-р Маја Симоновска Наумовска

Постар специјалист за учинок, обука и развој


0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...