Колумна на м-р Ана Салтирова Давидовски-Основач на Кампања #ЛиченИЗБОР www.AnaSaltirova.mk, Автор, Член на УО на МАЧР, Искусен HR професионалец, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој
Во практиките на човечки ресурси, постојат многу модели/рамки за давање на фидбек. НО, дали истите се одговор на вистинскиот предизвик со кој се соочуваат професионалците во неговото користење?
Секој од нас барем еднаш си поставил прашање: „Која рамка е најдобра?“ или „Која техника ќе ми помогне фидбекот да биде ефективен?“.
Еве неколку од најчесто користените модели:
SBI (Situation – Behavior – Impact)
- Ситуација – опиши конкретна ситуација кога нешто се случило.
- Однесување – опиши што точно си забележал/а.
- Влијание – објасни го ефектот што тоа однесување го имало.
BOOST (Balanced, Observed, Objective, Specific, Timely)
- Избалансирано – балансирај позитивно и конструктивно.
- Набљудувано – кажи што точно си забележал/а, без интерпретации.
- Објективно – фокусирај се на факти, без претпоставки.
- Конкретно – биди јасен и прецизен во пораката.
- Навремено – дај го фидбекот веднаш или брзо по настанот.
COIN (Context, Observation, Impact, Next steps)
- Контекст – објасни ја ситуацијата или околностите.
- Набљудување – кажи што точно си забележал/а, без осудување.
- Влијание – опиши каков ефект имало тоа врз луѓето или работата.
- Следни чекори – предложи конкретни следни чекори.
AID (Action, Impact, Desired outcome)
- Дејство – наведи што точно се случило.
- Влијание – објасни каков ефект имало врз луѓето или проектот.
- Посакуван резултат – прецизирај што би сакал да се промени или подобри.
EEC (Example, Effect, Change)
- Пример – наведи конкретен пример за однесување.
- Ефект – објасни го ефектот што го имало тоа однесување.
- Промена – кажи која промена ја посакуваш.
DESC (Describe, Express, Specify, Consequences)
- Опиши – конкретната ситуација или однесување.
- Изрази – објасни како тоа влијаело врз тебе.
- Прецизирај – кажи што точно сакаш да се промени.
- Последици – прецизирај ги позитивните или негативните последици.
RAP (Recognize, Assess, Plan)
- Препознај – препознај го однесувањето или предизвикот.
- Оцени – процени што е добро и што може да се подобри.
- Испланирај – предложи план или следни чекори за подобрување.
Sandwich Method
- Позитивно – започни со нешто што е направено добро.
- Што може подобро – укажи на тоа што би можело да се подобри или промени.
- Позитивно – заврши со охрабрувачка и позитивна порака.
Start – Stop – Continue
- Што да почнеме – што би било корисно да се започне да се прави.
- Што да престанеме – што треба да се прекине бидејќи не носи резултати.
- Што да продолжиме – што веќе функционира добро и треба да се задржи.
4 Quadrant feedback
- Што е добро – што функционира добро и е за пофалба.
- Што не е – што не функционира добро и предизвикува предизвици.
- Што да почне – што би било корисно да се започне.
- Што да прекине – што треба да се прекине за да се подобри ситуацијата.
Feedforward
- Фокус на идни чекори – предложи конкретни акции за подобрување во иднина.
- Без анализирање на минатото – не се задржувај премногу на минатите грешки, туку гледај кон следните чекори.
- Градиме на можности – акцент на тоа како може да се успее следниот пат.
Но, што е поважно од самата рамка/модел?
Можеби сите овие модели се функционални, но без свесност и емпатија, секој модел може да стане механички или дури и да предизвика спротивен ефект. Ако фидбекот е даден само „да се заврши работата“, без желба вистински да помогнеме или разбереме, може повеќе да наштети отколку да помогне. Она со што јас сакам да ја зачинам преферираната фидбек рамка е со НЛП аксиомите кои ги користам како компас и за мене ги покрива , и тоа:
Мапата не е територија – Секој има своја перспектива, не очекувам сите да го гледаат светот како мене, го почитувам нивниот поглед на ситуацијата.
Не е можно да не се комуницира – Дури и кога молчам, испраќам порака (тоа го викам тивко се дереше).
Не постои неуспех, постои само резултат – Секој фидбек е можност за учење, ако не го добијам она што сум го посакувала ќе добијам повратна информација (резултат) од кој ќе почнам следниот пат.
Ако нешто не носи резултати – пробај нешто друго – Ако рамката или пристапот не функционира, го менувам и се прилагодувам за да го постигнам она што е целта на фидбекот.
Луѓето се добри и зад секое однесување има добра намера – Дури и ако резултатот не е добар, верувам дека има некоја позитивна намера зад тоа дејство, ако ја најдеме позитивната намера може да се најде и начин како истата да се задоволи на конструктивен начин.
Ако некој може – значи е можно – Ако некој успеал да даде конструктивен фидбек во тешка ситуација, значи можам и јас, а можеш и ти.
Рамките се алатки, но луѓето не се. Фидбекот станува конструктивен кога зад него стојат искрена намера и човечност. Фидбек со емпатија е разговор што гради, развива и поврзува, без неа нема душа.
Не заборавај дека не ШТИТАМ туку ШТЕТАМ ако не го дадам фидбекот, вреден е за трудот.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.