Откако ќе изгубите некој добар вработен ,гледате колку тој бил потребен на вашиот тим.Но,зошто добриот вработен го напуштил работното место во вашата компанија, дали е тоа поради подобрата плата или затоа што вашиот бизнис не ги третира на вистински начин.Како да ги задржите добрите вработени:
1. Покажете им можности за напредок
Ако вработените се чувствуваат дека го постигнале врвот во вашата ккомпанија и не гледаат иднина во компанијата, тие ќе бараат подобри можности на друго место. Ако им овозможите да стекнат повеќе вештини и да напредуваат во нивните кариери, многу е поголема веројатноста да останат лојални.
2. Понудете им придобивки
Компаниите кои нудат најмногу бенефиции за своите вработени имаат поголема веројатност да ги задржат. Многу истражувања откриваат дека здравствените придобивки се најважни.Фирмите кои нудат фитнес или програми за тренинзи исто така може да направат позитивни промени кај вработените,ја подобрува продуктивноста и го намалува остуството од работа.Исто така слабодните работни денови,флаксибилното работно време,бонусите ги задржуваат вашите вработени и имаат големо позитивно влијание на вработениот а и на вашата работна средина
3. Доверба и отворена комуникација
Ако вработените веруваат дека компанијата се движи во вистинската насока, помала е веројатноста да заминат. Многу е важно да се изгради таа доверба, новиот стил на менаџирање се потпира на врската, транспарентноста и довербата.
Вашата работна сила може јасно да види кога вашите мотиви се себични тогаш е помала веројатноста да ве поддржат,а и со тоа се губи желбата за работа . Треба да знаете да ги убедите вашите вработени да соработуваат со вас во извршување на мисијата на компанијата.
Направете вработените да се чувствуаат ценети ,со тоа што ќе има дадете некој проект или поголема позиција каде ќе се чувствуваат дека се важни и се дел од вашата мисија за успех.
4. Дајте им простор
Ако сакате да знаете постојано што прават вашите вработените, тие ќе се чувствуваат дека не им се верува и веројатност да заминат е многу голема.Најдобар начин за управување е да им дадете јасна насока на вашите вработени, да им дозволите многу простор да го работат онака како што мислат и да им понудите повратни информации. Тие можат да ја сработат својата работа на сосема поинаков начин од вас, но тоа не треба да биде важно се додека добивате добри резултатите.
Клучот за вашиот успех како бизнис не само вашите клиенти, туку и на вашите вработени.Среќните вработени чувствуваат гордост и постигнување во својата работа и им се допаѓа тоа што го работат. Ова чувство за значење има позитивна повратна врска – тоа чувство на задоволство го намалува стресот, што пак може позитивно да влијае на продуктивноста.
Затоа погрижете се вашите вработени да бидат среќни на работните места,така вработените нема да размислуваат да ја напуштат вашата компанија,и ќе бидат многу продуктивни во креирање на вашиот и нивниот успех.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.