Како еволуираат HR промените во контекст на четвртата индустриска револуција 4.0?

од Stole Mladenovski

Веројатно ВЕЌЕ така функционира секое поле на планетава – променливо:
денес мирно мафта пеперутката со крилата, утре дува ветрот… !

ПРОМЕНАТА е единствената константа на светот. Највлијателна во сите
можни полиња: од нашите животи, во бизнисите, секојдневието се до природата. Тоа ни се случува пред нашите очи пребрзо последниве години. Прво во нашите работни места, потоа во нашите животи. Па колку тешко или потешко се
соочуваме и (не)успеваме да еволуираме во оваа таканаречена светска револуција?

На почетокот на 2022 година сме сведоци на невиден технолошки развој, кој т.н. Четврта индустриска револуција или индустрија 4.0. Работните места и вработените постојано се развиваат и се менуваат, а работните процеси се
прилагодуваат на новите услови. По глобалната пандемија КОВИД-19, употребата и брзото усвојување на технологијата го забрза овој тренд, како и потребата компаниите да направат брзи промени во нивната политика за човечки ресурси за да се прилагодат на она што се случува. Токму ова МОРА прилагодување со брзина на светлината пројави и доста грешки и хаос во многу сектори за човечки ресурси на голем број компании на Балканот. Технолошката индустриска револуција започна некаде во 1999 година, когаЕнтони Гиденс рече дека светот се намалува поради напредокот во технологијата. Терминот Индустриска револуција 4.0 прв пат се употреби од Клаус Шваб на Светскиот економски форум во 2016 година одкога и започна онаа голема револуционерна промена во сите технолошки процеси. Голем број технологии беа заменети со нови како што се: вештачка интелигенција, роботи, самостојни автомобили, различни мобилни уреди итн.

Овие технологиинаеднаш почнаа да го поврзуваат секое делче од светот, милијарди луѓе, и
физичките нешта постанаа и небитни. КОВИД-кризата дополнително ја
потхрани оваа револуција. Имаме луѓе роботи-граѓани од 2017 година кои влегоа во грижата на корисници насекаде, па човекот како природно суштество со чувства и потреби на едно социјално битие почнува да станува специфично
(не) битен. Која е тогаш функцијата на секторите за човечки ресурси? Да бидат секогаш секаде и со секого? Во секое време и на секое место? Да бидат брзи и побрзи?
Каква станува смислата на ЛУЃЕТО кои се борат да направат повеќе за ЛУЃЕТО? Со кои ресурси се борат и за какви ресурси трчаат?
Но фактот дека сме во борбата на оваа индустриска револуција 4.0 која ни се случува со огромно темпо, а ние секојдневно задишано трчаме и како бизниси и како луѓе. И факт е дека на најголемиот процент од компаниите во светот бенефициите од Industry 4.0 се огромни. Како тоа се покажа во одделите за човечки ресурси? Сите имаат пристап секаде преку мобилните апликации. Голем број долготрајни процеси во човечките ресурси се забрзани и се завршуваат веднаш преку дигитализација и персонализиран процес. Ефикасноста се мери со брзината на усвојување на што повеќе и повеќе. Обемот на работа со човечка рака е значително намален, а со тоа е зголемена способноста за следење и користење на податоци, добивање подобри и посеопфатни информации. Вработените имаат повеќе бенефиции како што се флексибилно работно време, тренинг во секое време и слично. Колку повеќе секоја од компаниите навлегува во последниве години во можностите кои непрекинато се нудат од огромните технолошки промени, толку повеќе самата компанија станува ПРОМЕНА за да опстои. А пак одделите за човечки ресурси ЕВОЛУИРААТ од аспект на поинакво постоење на човекот како ресурс.

Сепак, колку и да е брза и променлива оваа индустриска револуција, луѓето ја создаваат и прилагодуваат доста дополнителни можности за да и дадат живот во секое поле, зошто сепак сме душа. Одделите за човечки ресурси добија дупла одговорност за луѓето во една ваква променлива ера каде важноста на луѓето стана специфична и од различни аспекти треба да се разгледува и да се развива. Психолошкиот аспект излезе и во технолошкиот развој најбитен и како што еволуираат технологиите, така еволуираат и HR промените.

Тешко или потешко, така се оди напред!

За Авторот:

Марија Конеска основач на Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ, и Центар за развој, едукација и советување МАША МАРИЈА. Работам како HR менаџер, консултант и психолог и психотерапевт.
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...