КЛУЧНАТА УЛОГА НА ЧОВЕКОВИ РЕСУРСИ ВО ЕДНА ОРГАНИЗАЦИЈА

од 24HR

Колумна на Aндреа Трпеновска -HR ентузијаст и љубител на современа психологија

Одделот човекови ресурси е одговорен за широк спектар на задачи кои што влијаат на компанијата вклучувајќи: регрутирање, обука и задржување на вработените, управување со програми за компензација и бенефиции како и создавање на позитивна работна средина.

Еден од клучните обврски на човековите ресурси е привлекување и ангажирање на врвни таленти. Успехот на компанијата е во голема мера зависен од квалитетот на нејзините вработени, додека пак менаџирањето од човековите ресурси игра голема улога во пронаоѓањето, проверката и интервјуирањето на кандидатите. Регрутерот има улога да ги ангажира  вистинските кандидати за потребните работни места и притоа да се  погрижи новите вработени  да се интегрираат во организацијата.

Покрај регрутирањето, HR функцијата има клучна улога во обуката и развојот односно обезбедување на процеси и материјали кои им помагаат на вработените да ги подобрат своите вештини, знаења и способности и како да се справат со секојдневните предизвици, не само што помагаат на вработените во навигација на секојдневните процеси туку и на организацијата како целина, бидејќи помагаат да се воочи дали работната сила ги има потребните вештини за да се задоволат потребите на бизнисот кои го развиваат.

Надоместокот и придобивките се уште една важна област каде човековите ресурси играат клучна улога, тие се одговорни за креирање и управување со програми кои им обезбедуваат финансиски и нефинансиски награди кои што им се потребни за вработените да се чувствуваат ценети и мотивирани. Ова може да вклучува работи како: приватно здраствено осигурување, платено слободно време, курсеви, оброци, членства во теретана итн.

Нудејќи конкурентни пакети за компензација и бенефити, регрутерот помага да се привлечат и задржат врвните таленти и да се создава позитивна работна средина.

Човековите ресурси играат клучна улога во промовирањето на позитивната работна култура, тие создаваат поддржувачка инклузивна и почитувачка средина каде што вработените се чувствуваат ценети и мотивирани да работат најдобро што можат, помага да се обезбеди успех на компанијата. Без оваа функција организациите ќе се :”борат” да привлечат и задржат вработени, да ги развијат вештините потребни за задоволување на потребите на бизнисот кои се развиваат и да создадат позитивна работна средина.

Личноста која што ја има превземено HR улогата за да може да ги регулира сите процеси во организацијата треба да биде, креативна, комуникативна, позитивна и тимска личност, да ги препознава и пренесува вистинските вредности и цели на организацијата.

За авторот:

Aндреа Трпеновска -Human resources Generalist H3M Labs ,Дипломиран Технолог Инженер од Битола – Нутриционист при Технолошко Техничкиот факултет – Велес.

HR ентузијаст и љубител на современа психологија.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...