Кога кандидатите ги снемува после регрутацискиот процес

од 24HR

Дали некогаш сте имале кандидат кој одеднаш исчезнал по процесот на вработување? Неодамна, имавме ситуација со високо квалификуван кандидат кој комплетно исчезна откако ја доби конечната понуда за работа. Ова сценарио станува сè почест предизвик за регрутерите. Губењето на време и енергија, заедно со нарушување на роковите на компаниите, може да резултира со одложувања, а во некои случаи дури и со откажување на пополнувањето на позицијата.

Иако е фрустрирачко, ваквите ситуации ја нагласуваат важноста на разбирањето на причините за ваквото однесување и преземањето на чекори за минимизирање на шансите за повторување.

1. „Не, фала?“

Постојат две крајности зошто кандидатите исчезнуваат, некогаш е несовесност и недостаток на одговорност кон регрутерите кои вложиле време и ресурси во процесот, а некогаш е и неспособност да се каже „не“. Некои кандидати едноставно не знаат како да одбијат понуда, особено кога воспоставиле добар однос со тимот. Наместо да се соочат со можен непријатен разговор, тие избираат да го избегнат.

2. „Добив подобра понуда“

Најчесто, кога се работи за конкурентен пазар, кандидатите често добиваат повеќе понуди. Ако добијат поатрактивна можност, тие можат веднаш да ја прифатат. Во вакви случаи, времето е од клучно значење. На пазар како нашиот, каде што трудот е ограничен, секој изминат ден ја намалува шансата за задржување на кандидатот.

3. „Не сме добар пар“

Кога кандидатите не се чувствуваат поврзани со компанијата или улогата, тие често ќе се оттргнат. Несигурноста околу процесот или позицијата дополнително го намалува нивниот интерес за информирање дека повеќе не се заинтересирани.

Како да го намалите ризикот од исчезнување на кандидатите?

– Поттикнете транспарентна комуникација

Споделувајте јасни временски рокови за повратни информации и одлуки. Охрабрувајте ги кандидатите да ги изразат своите размислувања, сомнежи или други обврски во текот на процесот.

– Изградете силни односи

Персонализирајте го процесот на вработување, покажувајќи искрен интерес за кандидатите. Потенцирајте како позицијата се усогласува со нивните долгорочни цели.

– Бидете конкурентни

Понудете привлечни услови, вклучувајќи конкурентна плата, бенефиции и јасни патеки за напредување. Избегнувајте одложувања помеѓу финалните интервјуа и официјалната понуда.

– Редовно следете ги кандидатите

Одржувајте отворени линии за комуникација помеѓу интервјуата и конечната одлука. Редовно проверувајте како се чувствуваат кандидатите, дури и откако ќе ја примат понудата.

– Учете од секое искуство

По секое исчезнување, размислете за процесот. Дали имаше предупредувачки знаци или празнини во комуникацијата?

Со преземање на овие чекори, компаниите можат да изградат поефективни и сигурни процеси на регрутација, намалувајќи го ризикот од губење на време, ресурси и вредни кандидати.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...