Летен ПРЕДИЗВИК за развој на вработени

од 24HR

Колумна на м-р Ана Салтирова Давидовски-Основач на Кампања @ЛиченИЗБОР https://linktr.ee/licenizbor, Автор, Член на УО на МАЧР, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој

Како што одминува летото и останува уште еден месец од летната сезона, ве повикувам да се вклучите во Предизвик кој има можност за ангажирање на вработените од една страна и од друга страна нивен развој, а бонус е креирање на навика од која плодовите може да се собираат повеќекратно. Летната сезона некаде знае да е побавна што отвора простор за проширување на светогледот на вработените. Има ли подобар начин за истото од нурнување во добра книга? Иако истото може да се направи на многу различни начини, предлог од овој блог пост е Презивик во ЧИТАЊЕ. Лично јас сум научен читач и верувам дека има книга за секој човек, од една страна и од друга страна дека образованието треба да даде напор и да ни ја престави убавата страна на книгата и бенефитите од истото, а не да ни „инсталира трауми“ за читањето и едвај да дочекаме да пораснеме како не би морале веќе да читаме, тажна вистина која ја слушам од многу луѓе. И уште една тажна вистина, дека немаат време за читање, за што во предизвикот може да ја најдете брзата математика во која е преставено дека секој има време за читање, а ако чита само 15 мин на ден ќе прочита 14 книги и ќе почне нова, но не ми верувајте тестирајте.

Предизвикот може да се осмисли како би можел да инспирира и да влијае на посветеноста на тимот. Зошто да ги поттикнете вработените да се придружат на Предизвик во читање?

Читањето нуди бројни придобивки, од намалување на стресот и зајакнување на креативноста до подобрување на фокусот и проширување на знаењето. Со учество во овој предизвик, вработените можат:

  1. Развијте нови вештини: без разлика дали се работи за книга за лидерство или роман за иновации, читањето може да обезбеди свеж увид и практични вештини применливи на работното место.
  2. Зголемете ја благосостојбата: Добрата книга е одличен начин да се опуштите. Читањето го намалува стресот, го промовира менталното здравје и обезбедува многу потребна пауза од екраните.
  3. Подобро запознавање на членовите на тимот: споделувањето препораки за книги и дискусијата за омилените книги може да ги зајакне врските меѓу вработните, поттикнувајќи чувство на припадност.

Некои идеи како да запознете:

  1. Изберете книги што ве интересираат, можат да варираат од книги поврзани со индустријата до фикција што би ја поттикнала нивната имагинација.
  2. Поставете цел: одлучете колку книги/колку страни имаат за цел да прочитаат за овој 4 неделен предизвик, поставувањето цел може да ја бустира мотивацијата и да го разбуди натпреварувачкиот дух.
  3. Споделете го напредокот на вашата внатрешна платформа за комуникација каде ќе можат вработените редовно да споделуваат за нивното патување во читањето, прославете мали победи, доделете признанија за најдобрите…
  4. Дополнително: дискутирајте за теми и препорачувајте книги на вашите колеги, направете обработка на „лектира“ книга којашто е од интерес за сите да речеме во менаџмент тимот, тимот за продажба или било кој друг тим.
  5. Направете компаниска библиотека или денови на размена на книги меѓу вработените.
  6. Во коментар можете да споделите и ваши идеи кои сте ги ставиле веќе во служба или кои ви дојдоа како идеја од читање на овој блог пост.

Дополнително верувам дека со ова може да им бидеме и поддршка на вработените кои се родители и да ја влијаеме на work-life баланс и да бидеме инспирација за внесување на здрави наквики кај своите деца т.е. да изберат книга во добар соодност со екраните. Нивните деца, се нашите идни вработените. Како HR професионалец со 18+ години работно искуство во развој на вработени би сакала родителите да се потруделе повеќе во инсталирање на навиката за читање кај своите деца. Најголем поттик детето да ја фати книгата е да го гледа родителот да ја држи. Ако не за себе нека го направат тоа за своите деца дополнително и како подготовка на следната учебна година. Бенефит од читањето за децата (а не мислам дека сме изземени и ние големите од истото):

  1. Го бустира когнитивниот развој – читањето го подобрува развојот на мозокот и ја подобрува способноста за разбирање и обработка на информациите, го збогатува вокабуларот, ја подобрува концентрацијата и ја зајакнува меморијата, поставувајќи силна основа за успех во училиштето, а потоа и на работа.
  2. Ја потикнува емоционалната интелигенција – преку приказните децата учат емпатија и развиваат свесност за различни перспективи што потоа позитивно влијае врз социјалните вештини.
  3. Позитивно влијае врз креативност и имагинација – книгите ги носат децата на интересни патувања, а преку нив на едноставен начин се преставуваат нови идеи, што влијае на поттикнување на нивната имагинација, охрабрувајчи ги да размислуваат креативно што резултира со иновативни решенија кога пристапуваат кон проблемите.

ФАКТ: за децата читањето е досадно, кога ќе го споредиме со сите работи кои им стојат на располагање и кои можат да ги прават. Од друга страна успехот во животот во голем дел зависи од дисциплината да се направи и она што не ни е интересно (читај досадно) а кое што е корисно и важно. Читањето го развива тој мускул, таа навика. 

Да го направиме ова лето сезона на раст и релаксација преку моќта на читањето. Симнете ги предизвикот за читање за ГОЛЕМИ и деца од www.anasaltirova.mk во делот Бесплатни ресурси – Предизвици.

Среќно читање, за сите!

За авторот:

м-р Ана Салтирова Давидовски

Основач на Кампања @ЛиченИЗБОР https://linktr.ee/licenizbor, Автор, Член на УО на МАЧР, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој


0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...