Мајки и самохрани родители и флексибилноста на работното место за време на пандемија

од 24HR

Колумна на Антица Павлеска – дипломиран правник и магистер на организациски науки и стратегиски менаџмент на човечки ресурси, со повеќегодишно професионално искуство во областа човечки ресурси, вљубеник во професијата, луѓето и природата.

Многу компании како резултат на пандемијата им овозможија на своите вработени работа од дома.

На многу родители на мали деца овој тип на флексибилност на компаниите им помогна да ги задржат своите работни места. Многу родители ваквата можност ја искористија како би можеле и двајцата родители да ги задржат своите работни места, додека едниот родител каде компанијата е пофлексибилна и тоа го дозволува ја извршува својата работа од дома воедно менаџирајќи го приватниот живот со работниот процес, а другиот својата работа продолжува да ја извршува на работното место.

Ваквата флексибилност на компаниите за оние работни позиции кај кои работното место и работните задачи го дозволува тоа, најмногу им помогна на мајките и на самохраните родители на мали деца како би можеле да го избалансираат приватниот живот со работниот процес.

Доколку на било кој вработен родител на мало дете, кој работел од дома за време на пандемијата, им го поставите прашањето “Како ја балансирате работата со родителството за време на пандемија?”,одговорот кој ќе го добиете вклучува дете/ца кое/и вика/ат, вклучени на максимум без престан, вклучен ТВ уред кој ја дополнува бучавата, домашен миленик кој гласно руши низ дома, и сето тоа во средина на Zoom/Skype/Viber работен состанок. Дополнителен хаос во животот на родителите, предизвика и on-line наставата.

Бевме сведоци на многу смешни видеа од работните состаноци на многу родители на мали деца кои се појавија на интернет, а кои во позадина имаа интересни случувања, каде главни актери беа нивните мали деца. Не сите интересни случки се најдоа на интернет, но сите родители на мали деца кои работеа од дома за време на пандемијата, барем еднаш се соочиле со слична ситуација, за што можат и да потврдат.

Како резултат на ова и сите дополнителни случувања и притисоци, некои мајки/ самохрани родители на мали деца беа приморани сами да ја напуштат работата во потрага по компании кои нудат поголема флексибилност, додека други во договор со работодавците побараа неплатено отсуство, а оние што останаа солидарни и продолжија со својата работа, гледајќи наназад, се во шок и несигурни како успеале.

 Во некои случаи родителите на мали деца беа приморани да се договорат и да изберат кој од нив ќе го напушти работното место за да може да се грижи за децата за време на пандемијата која пред себе имаше неизвесност за нејзиното времетраење.

Она за што сите вработени мајки/ самохрани родители на мали деца се едногласни е дека им е потребна поголема флексибилност од страна на компаниите во однос на извршување на работните задачи, онаму каде е возможно. Поголема слобода во однос на менаџирање на работното време и завршување на работните задачи, со тоа што кога дома ќе има “бура”, без притисок да се вратат на работата веднаш штом “бурата” ќе помине и кога ќе бидат во можност да се посветат.

Ако се прашувате дали во сите случувања за време на пандемијата родителите, посебно оние со мали деца помина добро, одговорот е емпатично НЕ, кое е непрепознатливо некаде помеѓу on-line работата (некои од нив ја немаа таа можност), on-line наставата, вообичаените настинки, тестирањата за Covid19, вакцинацијата, ревакцинацијата, карантините, изолациите и сите останати несекојдневни работи, правила и рестрикции и сл. За оние кои ја немаа можноста за работа од дома за време на пандемијата поради карактерот на работното место, ситуацијата беше уште потешка и со поголеми предизвици.

Работењето од дома со деца е тешко, но работењето/одењето на работа за мајките/самохраните родители на мали деца за време на пандемија е незамисливо, посебно доколку немаат друг член на семејството кој би можел да се грижи за нивните деца или доколку немаат друга опција за згрижување на децата за време на работниот процес.

Работењето од дома на родители со бебиња може да се рече дека е возможно, поради фактот што бебињата го поминуваат поголемиот дел од денот во спиење. Можеби и со деца кои одат во градинка на кои можеш да им го насочиш вниманието на одредена игра или пред ТВ екранот, додека ти работиш од дома. Но работа од дома на родители со деца од 1-2 годишна возраст е невозможно од причина што на таа возраст се многу активни и непослушни.

Флексибилноста на компаниите позитивно влијае на менталното здравје на родителите на мали деца, и спаси од предизвици голем број на фамилии. Но ако сакаш мајка или самохран родител на работно место, флексибилноста е на место број 1 од алатките кои на компанијата и вработените во одделот за човечки ресурси им се потребни за балансирање и менаџирање на она што следи.

Побарувачката за работа од дома, во последните 2 (две) години е значително зголемена, а дел од оние што преферираат ваков тип на работа се мајки и родители на мали деца. Ситуацијата е уште потешка и со многу поголеми предизвици за мајките и самохраните родители на мали деца кои работат во индустриите и нивната работа не може да се извршува од дома.

Некои компании во земјите на ЕУ, кои се грижат за своите вработени отидоа и многу подалеку, со тоа што на мајките/самохраните родители кои не можат својата работа да ја извршуваат од дома им исплаќаа дополнителни надоместоци за покривање на трошоците околу децата или им овозможија дополнителни бенифиции.

КОЛКУ ВАШАТА КОМПАНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА БЕШЕ ФЛЕКСИБИЛНА ЗА МАЈКИТЕ/САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ НА МАЛИ ДЕЦА?

За авторот:

Антица Павлеска е дипломиран правник и магистер на организациски науки и стратегиски менаџмент на човечки ресурси, со повеќегодишно професионално искуство во областа човечки ресурси, вљубеник во професијата, луѓето и природата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...