Колумна на Викторија Јордановска основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP)
За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со себе! Затоа, мојата намера овде е да споделувам со вас работи, што се надевам дека ќе ви бидат корисни и ќе ве водат на вашето патување кон креирање на љубовен однос со себе и со другите, со цел да изградите живот што го посакувате.
Јуни е веќе тука, сонцето конечно ни ги загреа коските, училишните денови се скоро завршени и можеме да почнеме да ги чувствуваме летните вибрации
Да почнеме…
Минатиот месец работев со фантастични жени од Лидерската програма за жени со влијание (Women of Impact Leadership Program), и за време на сесијата за управување со нашето внимание и енергија, многу од нив гордо изјавија колку се вешти во мултитаскинг. Кога ги соочив со фактот дека тоа им го повредува вниманието и менталното здравје, неколку веднаш се побунија: „но, во нашата работна средина е невозможно да се избегне мултитаскинг“!
Низ годините сум работела со многу поединци и тимови кон подобрување на нивните вештини за ефикасно управување со внатрешните состојби, вниманието и енергијата, и најчесто првиот приговор што го слушам е: тоа е невозможно за мене/нас!
Да, во денешниот свет на брзо темпо и висок притисок, мултитаскингот често се смета за неопходна вештина, особено за жените лидерки кои треба да се докажат во средини каде што доминираат мажи. Сепак, неодамнешните истражувања ги доведуваат во прашање ефикасноста и здравствените импликации од мултитаскингот. Ова издание на Self-Expedition ја истражува сложената интеракција помеѓу мултитаскингот, стрес хормоните, здравјето и вниманието.
И јас, исто така, често знаев паузата за ручек да ја поминам јадејќи пред компјутер додека работев на некое истражување. Читав или пишував меилови/пораки за време на состаноците, па дури отпосле ќе сфатев дека сум го пратила меилот без прилог или сум пропуштила прашање упатено до мене. Или пак, зборував на телефон додека проверував некој документ, па ќе сфатев дека сум пропуштила дел од разговорот, па потоа се чувствував непријатно и морав да претпоставувам. Знам, не е секогаш лесно целосно да бидеме свесни за нашето однесување. Но, за среќа, постојат многу алатки кои можеме да ги усвоиме, за да ни го олеснат животот и да ја подобрат нашата ефикасност.
Еден мозок, една задача
Мултитаскингот често се перцепира како истовремено извршување на повеќе задачи. Сепак, когнитивната наука ни открива дека она што го нарекуваме мултитаскинг е всушност жонглирање на задачи, каде што мозокот брзо се префрла од една на друга задача. Ова постојано префрлување или жонглирање може да доведе до когнитивно преоптоварување, намалување на ефикасноста и зголемување на веројатноста за грешки.
„Извршувањето на неколку задачи истовремено може да изгледа како врв на ефикасноста – и тоа би било точно кога некој би имал повеќе од еден мозок. Во реалниот свет, мултитаскингот всушност ни го губи времето и го намалува квалитетот на работата“.
–вели д-р Дејвид Мејер, професор по психологија, свесност и перцепција на Универзитетот во Мичиген.
Невронауката ни кажува дека мултитаскингот го исцрпува горивото на гликоза што му е потребна на мозокот, а тоа му ја намалува ефикасноста и придонесува мултитаскерите да се чувствуваат уморно. Тие имаат помала веројатност да ги задржат информациите во работната меморија, бидејќи мултитаскингот го тренира мозокот да има краток распон на внимание. Ова пак, го намалува капацитетот на работната меморија и може да ја попречи способноста за решавање проблеми и креативноста.
Студија објавена во Harvard Bussiness Review истакнува дека мултитаскингот може да ја намали продуктивноста за дури 40%, првенствено поради когнитивното оптоварување при жонглирањето задачи.
Покрај тоа, постојаното префралање од задача на задача го стимулира лачењето на хормоните на стрес: кортизол и адреналин. Голем број истражувања покажуваат дека постојаното присуство на овие хормони во нашите тела ја потиснува функцијата на имунолошкиот систем, што нè прави поподложни на болести. Исцрпеност, анксиозност, депресија, главоболки, дигестивни проблеми, зголемување на телесната тежина и кардиоваскуларни заболувања – се само неколку кои треба да бидат спомнати. Овој тренд што ги поврзува стресот и болеста, особено автоимуните болести кај жените кои се во подем, се рефлектира и на меѓународно ниво. Интересно е тоа што во Данска, земјата која со години е рангирана на второ место во Светскиот извештај за среќа, има зголемена инциденца на мултиплекс склероза кај жените. „Ризикот на данските жени од развој на МС е повеќе од двојно зголемен во последните дваесет и пет години, додека кај мажите е останат практично непроменет“, се вели во една неодамнешна национална студија. Не имплицирам дека овде има некаква поврзаност, туку ова се интересни резултати, имајќи предвид дека жените имаат поголема веројатност да бидат мултитаскери.
Кога зборуваме за хормони, дозволете ми да додадам дека мултитаскингот исто така го стимулира ослободувањето на невротрансмитерот допамин – кој се лачи во нашиот организам како награда за нешто. Нашиот мозок обожува допамин! Значи, ова префрлување помеѓу мини-задачи ни дава чувство на достигнување и доза од допамин што ни дава моментално задоволство, создава слична хемија во нашиот организам како и зависностите. Како што пишува Tim Elmore во својата статија „Несаканите последици од мултитаскингот“ за Psychology Today:
„Ние тежнееме да извршуваме повеќе краткорочни задачи што ни ја даваат оваа доза на допамин, и наскоро сме се заплеткале во испорачување на квантитет пред квалитетот. Ние всушност работиме понапорно, а не попаметно. И навистина, не се фокусираме. Претпоставуваме дека правиме повеќе и подобро, но во реалноста ја зголемуваме вредноста на брзината и обемот“.
Пред да продолжам, две многу важни најави…
Не само што предавам за методологијата и алатките на невро-лингвистичкото програмирање, туку и ги секојдневно ги применувам. Тоа ми помогна да ги надминам траумите од детството, како и денешните предизвици со грациозност и леснотија. Учесниците во програмата NLP Practitioner , по завршување на истата позадоволни од животот, ги подобруваат меѓучовечките односи, ја зголемуваат способноста за управување со себе, а со тоа и самодовербата, и имаат побрз напредок во нивните кариери.
Програмата е сертифицирана од ITCA и ко-креаторот на НЛП, д-р John Grinder, гарантирајќи ви највисок квалитет во образованието за НЛП.
Придружете ни се во септември во Виена (програмата е на англиски јазик) или во октомври во Скопје (на македонски), и искусете го НЛП ❤️ Ќе имате корист од учењето не само на класичниот код на НЛП, туку и ќе ја искусите магијата на Новиот код – најнапредните невро-алатки кои ќе ви помогнат да достигнете нови височини во вашиот живот.
За да добиете поголема јаснотија, приклучете се на онлајн сесијата на 25-ти јули (на англиски јазик), која ќе ве воведе во НЛП, а ќе имате и можност да ги поставите вашите прашања и да добиете одговори. Кликнете ТУКА за да се регистрирате или контактирајте ме директно за да ги добиете придобивките од рана регистрација.
2. Ако сте жена и ви е потребна заедница која ќе ве поддржува (а кому не му е?), ве поканувам да се приклучите на Women Lead Community. Онлајн простор што е повеќе од само место за вмрежување и напредување во кариерата. Тоа е место каде што се собираме за да се поддржиме, да се зајакнеме, да се охрабриме една со друга, и да имаме корист од перспективите и искуствата на другите.
А сега, неколку решенија…
Моно-задачи и други стратегии
Фокусирањето на една задача во даден момент ми помогна мене, а и на многу други, да го подобриме фокусот, вниманието и продуктивноста. Поставувам блокови во мојот календар за различни задачи и повеќето од работните денови ги одржувам со сличен распоред за работа. На овој начин, му ја давам на мојот мозок препознатливоста што ја посакува.
На почетокот на мојот работен ден, најпрво се фокусирам на задачите кои бараат „помалку од 2 минути“. Концепт од методологијата за управување со работните задачи на David Allen наречена Getting Things Done (GTD). Ги групирам задачите кои ми одземаат помалку од 2 минути, и прво ги правам нив. Веднаш ги заокружувам како „завршени“ на мојата листа. Ова ми го дава потребниот буст на допамин, за да се мотивирам за она што следи. Некои луѓе сакаат да го завршат денот со овие задачи. И двата пристапи се корисни.
Потоа, следи период на фокус. Ги исклучувам сите нотификации на мојот телефон и компјутер (исто така, можете да го користите „режимот за фокус“ на вашите уреди) и пуштам класична музика во позадина. Тоа се блокови од 30 минути, со 10 минути пауза помеѓу нив. Овде се фокусирам на задачите кои се итни и со висок приоритет. За да одлучам кои се овие задачи, ја користам матрицата на Ајзенхауер, која може да ја видите подолу:
Пред многу години, кога го започнав моето НЛП патување, ги научив функциите на несвесниот мозок. Меѓу другото, тој е исклучително добар со планирање на време. Така, секогаш поставувам временска рамка (колку време ќе посветам на одредена задача?), и исто така, јасна рамка за исходот (што сакам да постигнам во одредената временска рамка?) за секоја активност. И, секој пат се изненадувам кога ќе ја завршам задачата навреме. Ова функционира неверојатно и за состаноци. Пред да влезете на состанок, поставете ја временската рамка и агендата за состанокот (ова е рамката за исходот) и дозволете си да бидете изненадени од резултатите. Нашето несвесно е многу мрзливо и сака да му се задаваат задачи. Потоа, тоа работи чудесно ефикасно кон остварување на дадените задачи.
Поставувам и специфични временски рамки во денот кога го посветувам целото мое внимание нанадвор, на светот, без разлика дали ова е коучинг сесија со клиент, средба со партнери или клиенти, разговори со моите пријатели или социјални медиуми. Пред неколку години, еден пријател ми покажа како да ставам временско ограничување на мојот телефон за социјалните мрежи. Мојот дневен лимит е 60 минути. Тоа ми дава мотив продуктивно да го искористам ова време, не само за бесцелно листање, туку и за објавување постови, коментирање и поврзување со луѓето.
Дополнително, проверете ги овие 23 алатки за продуктивност обезбедени од вештачката интелигенција, за да го револуционизирате вашиот работен ден.
Што друго? Споделете ги во коментар стратегиите што вие ги користите, можеби баш тие ќе помогнат некому да си го подобри животот 🌟
Конечно, никој од нас не е совршен! Ќе се случи да ви одлета вниманието и понекогаш да правите повеќе работи одеднаш, односно мултитаскинг. Идејата е да имплементирате стратегии кои работат за вас и ви помагаат да ги оптимизирате вашите енергија и време. Затоа, ве канам да испробате различни пристапи и сами да пронајдете што функционира за вас.
И, ве молам имајте предвид, колку сте поконзистентни, толку подобри резултати ќе имате.
За крај,
Мојата порака за месец јуни е:
Обрнете внимание на вашето внимание… и дајте си малку одмор.
Сугестии за понатамошно читање:
On recharging, intentions and perceptions – една од минатите едиции на њуслетерот.
Personal Editing – a beautiful technique to be practiced daily – статија која опишува прекрасна НЛП техника која ќе ви помогне да креирате идна верзија од себе и да го зголемите изборот во вашиот живот.
Извори на инспирација и информација:
Она што моментално го слушам и читам:
The Myth of Normal: Trauma, Illness, and Healing in a Toxic Culture, новата книга на Gabor Maté MD и неговиот син Daniel Maté
Dr. Natalie Crawford: Female Hormone Health, Fertility & Vitality – епизода од подкастот Huberman Lab
Aneta George – нејзината музика ми ја смирува душата. Наша, а светска композиторка, пејачка, пијанистка и драга пријателка.* Оригиналниот текст е објавен на Англиски јазик и можете да го прочитате на следниот линк: https://www.linkedin.com/pulse/mental-massacre-multitasking-viktoria-jordanovska-hscyf/?trackingId=4PULF6UxQ8y%2Bj%2BUHivGNiQ%3D%3D
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.